ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

May 6, 2025 08:17
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Холивуд е во неверување по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини од 100 проценти на филмови снимени надвор од САД, што експертите и вработените во американската аудиовизуелна индустрија го сметаат за бесмислено и несоодветно.

– Ова нема никаква смисла, изјави за АФП адвокатот специјализиран за забавната индустрија, Џонатан Хандел, и потсетува дека многу американски филмови, од Џејмс Бонд до „Невозможна мисија“, се снимаат во странство поради очигледни креативни причини.

– Што треба да се направи, ако сценариото предвидува Том Круз да се спушти по Ајфеловата кула? Да се сними тоа на реплика на Ајфеловата кула во Лас Вегас? Тоа е апсурдно, вели Хандел.

Трамп во неделата најави дека неговата влада размислува за воведување царини од 100 проценти на филмови кои се дистрибуираат во САД, а се снимени во странство.

– Сакаме филмови „Произведено во Америка“, инсистира претседателот чиј втор мандат е обележан со меѓународна трговска војна и наметнување царини на целиот свет.

Неговата најава предизвика несигурност во филмската индустрија. Студијата предвидуваат пад на вредноста на акциите, синдикатите се обидуваат да ја сфатат одлуката, особено ако се однесува и на серии. И сите се прашуваат дали воопшто е законски спроведлива.

Филмот подразбира интелектуална сопственост, нагласува Хандел. „Можете да купите билет за кино, но со тоа не сте го купиле филмот како што купувате облека или автомобил“, додава тој.

Дури и ако се најде систем за воведување царини на филмови снимени во странство, тоа би „донело повеќе зло отколку добро“, тврди адвокатот.

Тој објаснува дека последицата би било намалување на производството, зголемување на трошоците за снимање на филм, намалување на бројот на филмови наменети за прикажување во кино-салите и на стриминг платформите, што би наштетило на дистрибуцијата.

Повеќето студија и големи организации сè уште не реагирале. Но, поради најавата се свикани кризни состаноци, тврдат медиумите.

– Во ова не гледам друга цел освен сеење конфузија и одвлекување на вниманието, коментира претставник на голем американски дистрибутер.

Бројот на денови на снимање во Лос Анџелес во 2024 година достигна историски најниско ниво, ако не се смета целосниот прекин на производството во 2020 година поради пандемијата. Причина за тоа е главно преместувањето на продукциите во сè поголем број земји кои нудат фискални повластици.

Според порталот Deadline, еден финансиер на американски филм рекол дека се „согласува со целта на Трамп“ да се снима во САД. Но, за да се вратат снимањата во САД, „потребни се даночни олеснувања, а не наметнување царини“, нагласил тој. „Царините само ќе го задушат она што остана од филмската индустрија“, додал тој.

По реакциите што ги предизвика најавата, портпарол на Белата куќа рекол дека „одлука сè уште не е донесена“ и оти „администрацијата ги проучува сите опции“.

Tags: ТрампХоливуд
Next Post
Генерирано со ВИ

Трамп: Победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk