ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претставувањето на НУ „Танец“ на Експо 2025 во Осака исклучително важно за промоција на македонската култура

May 7, 2025 14:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Танец

Фото: Танец

Share on FacebookShare on Twitter

Претставувањето на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од Скопје на Експо 2025 во Осака има огромно значење и повеќекратна важност, и тоа на многу нивоа, известуваат од НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“.

„Промоција на македонската култура и идентитет на глобално ниво;
Ја претставува вистинската изворна слика за Македонија – „Танец“ е синоним за македонскиот фолклор и традиција. Нивното присуство овозможи на милион луѓе од целиот свет да се запознаат со автентичната македонска музика, ора, носии и обичаи. Претста-вувањето на Ансамблот „Танец“ беше одлична можност да се претстави богатото културно наследство на Македонија во неговата форма, далеку од стереотипите и предрасудите;
Гради позитивен имиџ – учеството на престижен настан како Експо 2025, со врвен ансамбл каков што е „Танец“, придонесува за градење позитивен имиџ на Македонија како земја со богата култура и традиција, отворена за соработка и резмена;
Културна дипломатија или т.н. мека дипломатија – преку уметноста, „Танец“ ќе делува како културен амбасадор, градејќи мостови на разбирање и пријателство меѓу Македонија и другите народи. Ова е важен аспект на културната дипломатија;
Зголемена на видливост и атрактивност на Македонија;
Привлекување туристи – впечатливите настапи на „Танец“ можат да разбудат интерес кај посетителите на Експо 2025 да ја посетата
Македонија и да го искусат нејзиното културно богатство одблизу. Ова може да има позитивен ефект врз развојот на туризмот;
Потенцијал за економска соработка – културната промоција честопати отвара врати и за економска соработка. Познанството со македонската култура може да поттикне интерес за други аспекти на земјата, вклучувајќи ги и економските можности;
Можност за културна размена и учење – меѓународната афирмација на Ансамблот. Учеството на Експо 2025 е уште една потврда за високиот уметнички квалитет и значење на Ансамблот „Танец“ пред меѓународната сцена;
Запознавање со други култури – преку учеството на Експо 2025 уметниците на „Танец“ имаа можност да се запознаат со културите на други земји, да разменат искуства и да научат нови вештини;
Соработка со други уметници – можно е да се остварат контакти и потенцијални соработки со уметници и културни институции од други земји.

Накратко, претставувањето на Ансамблот „Танец“ на Експо 2025 во Осака е исклучително важно за промоција на македонската култура, зајакнување на меѓународниот углед на земјата во севтското семејство на народите, стимулирање на туризмот и економската соработка, како и за зачувување и афирмација на македонскиот фолклор на глобално ниво. Тоа е инвестиција во културната иднина и меѓународно позиционирње на Македонија“, соопштуваат од „Танец“.

Од НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ истакнуваат дека со ваква стратегија Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, дава сигурен став дека неговата работа и слух за уметноста е на највисоко ниво и со самото тоа дава демант на изјавата на г. Лукаревска изјавена во „Само вистина“, на ден 05.05.2025г.

И на крајот, „Танец“ е незаменлив репрезент на изворниот македонски фолклор, живата лична карта на македонскиот 7/8 такт, потенцираат од НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“.

 

 

Tags: ЕКСПО 2025ОсакаТанец
Next Post
генерирано со ВИ

Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk