ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години

May 8, 2025 14:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата градинка „Пролет“, современ објект изграден од темел според сите безбедносни и функционални стандарди, со капацитет на згрижување на 173 деца, на површина од 3.200 метри квадратни, информираат од Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски, истакна дека градинката е завршена за помалку од три години, целосно финансирана од општината, без задолжување.

„Оваа градинка не е само зграда – туку симбол на визија, вложување во иднината и одговорно водење. Во еден мандат – започнавме, изградивме и денес свечено ја отвораме! Темелите ги поставивме во јуни 2022 година. И еве нè денес – пред најубавата градинка во целиот регион”, изјави Герасимовски на отворањето.

Тој посочи дека за помалку од три години објектот е целосно изграден, опремен и со сите потребни дозволи од Министерството за труд и социјална политика.

„Пролет” не е само објект. ,,Пролет” е визија. Вложување во иднината. Градинката е изградена целосно со општински средства, без кредити, по цена од 900 евра по квадратен метар – под просечната градежна цена. Модерно. Безбедно. Топло. Сè е направено одговорно и со внимание, според сите прописи” нагласи Герасимовски.

Герасимовски изрази благодарност до сите што беа дел од процесот на реализација, а особено до директорката на градинката и нејзиниот тим за нивната посветеност, соработка и визија уште од првиот ден.

Со отворањето на „Пролет“, Општина Центар добива не само нова градинка, туку и траен белег на еден успешен мандат и реални резултати.

Во своето обраќање, Герасимовски потсети и на другите проекти што паралелно се реализирални.

„Не застанавме додека ја градевме. Паралелно работевме на доградбата во ,,Коле Неделковски”. Го инсталиравме системот Смарт сити и поставивме околу 5.000 паметни светилки низ целата општина. Во полн ек сме со реконструкцијата на салата ,,Работнички” – и рокот ќе го испочитуваме”, посочи Герасимовски.

„Ова што го набројав не се само зборови. Ова се резултати. Видливи. Реални. Но, овој ден им припаѓа, пред сè, на децата. Нека влезат тие први. Нека уживаат. Нека растат тука – среќни, безгрижни, сигурни. А ние? Ние со гордост ќе погледнеме што оставаме зад себе”, рече Герасимовски.

Tags: Герасимовскиградинка ПролетОпштина Центар
Next Post

Земјотрес од 5,5 степени по Рихтер ја погоди граничната област меѓу Перу и Еквадор

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk