Новиот папа е Роберт Превост од САД, првиот американски папа во историјата. Тој ќе биде познат како папа Лео XIV. Ова доаѓа откако белиот чад се издигна над Систинската капела, сигнал дека кардиналите избрале нов папа на вториот ден од конклавата.
Роберт Превос има 69 години роденен е во Чикаго, Илиноис. Поголемиот дел од својата кариера го поминал како мисионер во Јужна Америка и служел како епископ во Перу. Неодамна водеше моќна ватиканска канцеларија за назначување епископи. Се очекува да продолжи со реформите на папата Франциск.