ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

May 10, 2025 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Наместо фалсификуваниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, да биде повод за институционално расчистување со неписменоста и фалсификатите во државната управа, Владата избра да го легализира проблемот, реагираат со соопштение од партијата Левица.

„На 38-та седница, Владата донела срамен заклучок со кој ги задолжува министерствата да подготват измени на законите со цел задолжителноста на меѓународно признат јазичен сертификат за директорите да биде заменет со „обична потврда“ за познавање на англиски, француски или германски јазик – уверенија кои се без никаква реална проверлива вредност. Со овој чекор, Владата отворено признава дека нејзиниот главен проблем не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри – а решението што го нуди е класичен обид за легализација на неписменоста, по мерка на партиската и корумпирана елита.

Оттука, власта наместо суштински и реформски измени во полза на народот – во собраниска процедура постојано турка закони по нивна мерка, во полза на нивните некадарни сопартијци, а не на народот. Сега, наместо измени на Законот за животната средина во насока на заострување на мерките против загадувачите – владата предлага измени со една и единствена цел: директорот на Управата за животна средина да не мора да поседува меѓународно признат јазичен сертификат. И ова не е прв ваков Предлог-закон, по овој шаблон се кројат и други закони, како што беше и Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој исто така се намалија стандардите за директор.

Левица најостро го осудува овој срамен обид за задоволување на клиентелистичките интереси на владејачката гарнитура, при што се разградуваат стандардите за стручност, отчетност и транспарентност при именување на раководни позиции. Особено симптоматично е што оваа пракса претставува директно продолжување на механизмот што со години го практикуваше поранешната власт предводена од ДУИ. Иако денес ДУИ не е дел од власта, ВМРО-ДПМНЕ очигледно ги презема истите методи за партиско вработување – сега институционализирани преку промени на законски норми. Наместо санкции за фалсификати, добиваме политичко прилагодување, со кое фалсификатот не се казнува, туку се унапредува во ново правило.

Левица потсетува дека неписменоста во институциите е симптом на длабок системски проблем: клиентелизам, непотизмот и партизацијата во сржта на државниот апарат. Овој чекор е уште една епизода во долгата серија на обесмислување на државата и нејзините институции – преку укинување на мерит системот и воспоставување режим на партиска послушност наместо професионализам!“, се наведува во соопштението.

Tags: ВМРО-ДПМНЕдиректориЛевицасертификат
Next Post

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk