Во тој дух, вели Филипче, поднесовме закон со кој се обезбедува финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените. Без никакви политички намери, со јасна цел – да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.
Тој нагласува дека денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат овој закон за него е вистинско разочарување. „Не можам да најдам разумно објаснување за оваа постапка. Не станува збор за политика, туку за човечност, морал и совест кои очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат.“
„Државата мора да покаже дека стои зад своите граѓани кога е најмногу потребно. Ова не беше момент за политички инает, туку за заедничка грижа. СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински вредности и да нуди и дава поддршка таму каде што најмногу треба“, истакна Филипче.