ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разочарување по блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за Кочани

May 15, 2025 10:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
VDzambaski / Flickr

VDzambaski / Flickr

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието, наиде на големо разочарување од јавноста.

Станува збор за закон без политичка позадина, со една единствена цел – да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им помогнеме на повредените, на сопствените граѓани. Со ова одлука владејачката ВМРО-ДПМНЕ не покажа одговорност и зрелост а се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застане и власта и опозицијата, без било какви политички калкулации, истакнаа предлагачите на законот.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче истакна дека одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за него е „вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает“.

– Од првиот ден по трагедијата во Кочани, СДСМ се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените. Не ловевме политички поени, не обвинувавме и дадовме целосна поддршка за институциите да ја завршат работата. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Покажавме емпатија и конструктивност – и како партија, и како поединци. Во тој дух поднесовме закон со кој се обезбедува финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените. Без никакви политички намери, со јасна цел – да им помогнеме на оние што изгубија најмногу, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него, одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат овој закон за мене е вистинско разочарување.

– Не можам да најдам разумно објаснување за оваа постапка. Не станува збор за политика, туку за човечност, морал и совест кои очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат. Државата мора да покаже дека стои зад своите граѓани кога е најмногу потребно. Ова не беше момент за политички инает, туку за заедничка грижа. СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински вредности и да нуди и дава поддршка таму каде што најмногу треба, вели тој.

Предлог – законот произлезе од најголемата трагедија во поновата историја на Северна Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Трагичниот настан којшто се случи на 16 март, кој однесе 62 човечки животи, над 200 повредени во оваа несреќа и остави трајни психолошки и социјални последици врз настраданите лица и нивните семејства.

Овој закон во целина опфаќа финансиска поддршка за жртвите и нивните семејства. Здравствена и психолошка помош за повредените и преживеаните, поддршка во образованието, трудова и социјална поддршка и што е најважно – има јасна институционална рамка преку формирањето на комисија за проценка и за следење на поддршката на лицата, членовите на нивните семејства, со што ќе се обезбеди координација, проценка и следење на спроведувањето на мерките.

По однос на финансиската поддршка, предлог е семејствата на секое лице кое го загубило животот како директна последица од несреќата да имаат право на еднократен паричен надоместок за претрпена нематеријална штета – душевна болка, во висина од 80.000 евра во денарска противвредност. Додека, пак, зависно од степенот на инвалидитет, за сите лица коишто ќе имаат инвалидитет се предвидена финансиска поддршка, односно надомест.

За 100% инвалидитет – 5 милиони денари,
за 90% инвалидитет – 4,1 милиони денари,
за 80% – 3,7 милиони денари,
за 70% инвалидитет – 3,1 милиони денари,
за 60% – 2,8 милиони денари,
за 50% инвалидитет – 2,5 милиони денари,
за 40% инвалидитет – 2,2 милиони денари,
за 30% – 1,5 милиони денари
и за 20% инвалидитет – 1,2 милион денари.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗакон за КочаниСДСМСобраниетрагедија Кочани
Next Post

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk