ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тирана денеска домаќин на шестиот Самит на европската политичка заедница

May 16, 2025 09:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Тирана денеска е домаќин на шестиот Самит на Европската политичка заедница, кој по првпат се одржува во Албанија, со учество на шефови на држави и влади, заедно со шефови на клучните европски и меѓународни институции.

Ден пред Самитот лидерите на Европскиот совет и на Европската унија синоќа беа на работна вечера во Тирана со лидерите од регионот на Западен Балкан.

Според официјалното соопштение на Советот на Европа, кој ја објави и агендата на Самитот, се најавува дека 47 шефови на држави и влади, како и институции на ЕУ, се поканети да учествуваат на овој шести состанок на Европската политичка заедница. Генералните секретари на НАТО, Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) исто така добиле покана за присуство, објави АТА.

Учесниците на самитот ќе пристигнат пред Националниот музеј за да се упатат кон објектот на албанската опера, каде што ќе ги пречека премиерот Еди Рама. Потоа, сите заедно ќе се упатат кон објектите изградени специјално за овој настан зад споменикот на Скендербег во центарот на градот, наречени „Куќата на Европа“.  Предниот дел од овој простор е покриен со слики и цртежи од ученици и студенти од цела Албанија кои ја претставуваат нивната визија за Европа.

Темата на состанокот е „Нова Европа во нов свет: Единство – Соработка – Заедничко дејствување“.

-Првично, лидерите ќе се соберат на пленарна сесија посветена на безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Потоа ќе се одржат три тркалезни маси на високо ниво на теми: европска безбедност и демократска одржливост; конкурентност и економска безбедност, вклучувајќи ги предизвиците за мобилност, како и јакнење на младите. Програмата на самитот започнува во 10 часот со пристигнување на делегациите и изјави за медиумите, по што следува официјалната церемонија на отворање во 11 и семејна фотографија во 11:30 часот, наведуваат медиумите.

Настанот ќе заврши со заедничка прес-конференција во 18:30 часот на премиерот на Албанија и премиерот на Данска, земјата домаќин на претстојниот самит.

Овој важен настан е ко-организиран од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и премиерот Еди Рама.

Покрај Кошта, ЕУ ќе ја претставуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високата претставничка за надворешни работи, Каја Калас, кои синoќа пристигнаа во Тирана. Исто така во Тирана е и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и шефови на држави и влади на повеќе земји, а доцна вечерта и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Лајен објави фотографија на платформата Х .

„Во Тирана за состанокот на Европската политичка заедница. Тоа е прв на Западен Балкан. Каков моќен симбол. Нашето европско семејство на вредности се протега надвор од границите на Европската Унија. Делиме континент. И заедничка иднина, напиша таа покрај фотографијата.

За непречено одвивање на самитот и безбедноста, ангажирани се повеќе од 1.500 полицајци од сите структури, вклучувајќи го сектор за антитероризам, сообраќајната полиција, за јавен рем и мир, кримналистичката, групи за антиексплозивни, Националната гарда а агенти на тајната служба, ШИШ, како и општинската полиција во Тирана.

Вчера попладне полицијата во Тирана, од безбедносни причини, одговори негативно на барањето на опозициската Демократска партија за одржување протест денеска попладне, кој во синоќешното соопштение наведува дека не се откажува од протестот закажан на стотина метри оддалеченост од местото каде што ќе се одржува Самитот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Самит на Европската политичка заедницаТирана

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk