Во понеделник, во 10:00 часот наутро, ќе разговарам телефонски со претседателот Владимир Путин од Русија. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и украински војници неделно, и трговијата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на својата социјална мрежа Трут Соушл информира дека потоа ќе разговара со украинскиот претседател Володимир, а потоа со Зеленски, „и со различни членови на НАТО“.
– Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, ќе се случи прекин на огнот и оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши, напиша Трамп.