ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Не би смеело да се проблематизираат одлуките на Дуковска, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност избрана на незаконски начин

May 20, 2025 13:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Не би смеело да се проблематизираат одлуките кои ги има донесено уставната судијка Елизабета Дуковска изминативе две години, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен, дури ако сакате и незаконски начин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова на промоцијата на „Родова самопроценка и Родовиот акциски план 2024-2028“ на Министерството за одбрана и Армијата.

На новинарско прашање во врска со одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Дуковска, претседателката вели „каков е тој натпревар доколку имате повеќе кандидати, а некој си одлучи дека завршена е битката уште пред правната да почне“.

– Вчера дискутиравме со колега, врвен експерт од нашата област, грчки професор, тој вели како и нашата колешка Ана Павлова – Данева дека сега не би смеело да се проблематизираат одлуките, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен, дури ако сакате и незаконски начин. Каков е тој натпревар ако имате повеќе кандидати, а некој си одлучи дека завршена е битката уште пред правната да почне. Тие се опомените што нас нè тераат системот да го промислиме навистина ако сакаме Уставен суд којшто ќе биде противтежа на трите власти. Ова е лекција и за пратениците, бидејќи тие ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено убедување, но во политиката во границите на правото. Таква не беше таа, заклучи Сиљановска – Давкова.

Посочи дека уште од позиција на пратеник од редовите на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ го критикувала изборот на Дуковска, бидејќи бил спротивен на Уставот.

– Ве упатувам да го најдете сценограмот од седницата и да видите што зборував и на што укажував, дека тоа е спротивно на Уставот, дека мора да има еднаквост на шансите во натпреварот, дека не може вие да ги анулирате другите кандидати, меѓутоа во таа атмосфера аргументите не врвеа. Претседателот на Собранието со мнозинството се договори, нашите предупредувања се одбиваа во ѕид, ни ехо немаше големо и резултатот еве дојде. Затоа велам дека во Уставниот суд, иако седат мои повеќе колеги и колешки, без оглед на партиска блискост или симпатија, тоа ќе се одрази на процесот на одлучување, рече претседателката.

Управниот суд ваквата одлука ја донесе по две години од изборот на Дуковска, која најпрво беше избрана во Судскиот совет со поддршка од 11 гласа и двајца „против“, а потоа и официјално изгласана во законодавниот дом, во април 2023 година. Покрај Дуковска, предложени беа уште две кандидатки кои ги исполнуваа условите. Тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека со изборот на Дуковска, Судскиот совет го прекршува Уставот бидејќи не ги ставил на гласање другите двајца кандидати, додека, тогашниот член на Судскиот совет Зоран Герасимовски пред пратениците рече дека Судскиот совет не пристапил кон гласање за другите двајца кандидати, бидејќи „законот не предвидува дека за кандидат ќе биде утврден предлогот кој добил најмногу гласови, туку според редоследното гласање се утврдува оној кој го добил потребното мнзоинство, а тоа е најмалку осум гласа од членовите на Советот со право на глас“.

Причината поради која Управен ја поништи одлуката за избор е неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет кој не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет. Во пресудата е наведено дека Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати. Поради недостиг на материјали и податоци за кандидатите, членовите на Советот не можеле да направат темелна анализа на нивната стручност и придонес во правната теорија. Иако Законот за судски совет бара исполнување на конкретни критериуми за избор, тие не биле формално проверени пред гласањето.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаДуковскаУставниот суд
Next Post

Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

(ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

November 10, 2025

Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД

November 10, 2025
Фото: Скриншот

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk