Точно 34.850.000 динари се префрлени од одделот на Министерството за финансии во Генералниот секретаријат на Владата на Србија, според најновиот Службен весник, јавуваат српските медиуми.
Овие пари, според одлуката на Владата на Србија, ќе се користат како финансиска поддршка за Украина со цел покривање на трошоците за оперативен персонал и персонал за одржување на нивните даватели на услуги за воздушна навигација (ANSP) во 2025 година.
Министерството за финансии ќе се грижи за спроведување на оваа одлука. Освен оваа прераспределба на парите преку тековната буџетска резерва, на 15 мај Владата донесе уште четири вакви одлуки.