ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неколкумина избодени во напад во Холандија

May 21, 2025 11:59
in ДЕНЕС, СВЕТ

Неколку лица, меѓу кои и еден полицаец, се повредени во напад со нож во холандскиот град Хофдорп, што се наоѓа западно од аеродромот Схипхол, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ.

На социјалните мрежи се шират информации за еден или двајца загинати, но холандската полиција засега не ги потврди овие тврдења, а не дава ниту информации за состојбата на повредените.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според ВРТ, полицијата рано изутринава добила пријава дека „нешто се случува“ во една куќа во Хофдорп, по што неколку полицајци пристигнале на местото на настанот.

– Добивме пријава за инцидент со прободување со нож на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во Хофдорп околу 6:00 часот утрово. Неколку амбулантни возила и мобилен медицински тим се на лице место. Истрагата за инцидентот е во тек, објави Полициската управа на Северна Холандија на Икс.

Според очевидци на настанот, „пет амбуланти возила“ заминале празни од пред куќата во која се случил инцидентот.

Холандскиот портал НХ јави дека во и околу куќата биле пронајдени „голем број ранети лица“, но дека полицијата „се уште не може да каже ништо за природата на повредите“.

Според медиумските информации, повредениот полицаец е пренесен во болница, а на неговото полициско возило била забележана крв. Очевидци тврдат дека траги од крв, покрај на полициското возило, може да се видат на самата улица пред куќата.

Куќата е блокирана и околу неа се поставени црни паравани, а во тек е форензичка истрага.

Засега не е познато дали некој е уапсен во врска со нападот, за кој се уште нема детали.

Tags: избоденинападХоландија
Next Post
Илустрација ESA

ЕСА подготвува мисија за блиската средба со астероидот Апофис во 2029

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk