ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

ГСД – Комплетно партиски поклопена клиентка

May 22, 2025 09:15
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

За време на кампања, уста полна празни заложби за наводно унапредување на женски права и статусот на жените во општеството, уста полна празни ветувања дека ќе доделувала одговорни функции на компетентните и професионалните, а не на оние што единствено се истакнале во партиските активности.

Неполна година подоцна, претседателката Гордана Силјановска Давкова си ги погази сите дадени ветувања. Секако, не на изненадување на оние кои цело време укажуваа на нејзината долга историја на газење на личниот морален и професионален интегритет, како и лукаво ценкање со криминални авторитети, а за лична корист.

На ГСД ѝ текнува на правата на жените само кога станува збор за нејзиното лично, а не за општото добро.

Дефинитивно не ѝ текнува на жени кога вмровски министри навредуваат пратенички затоа што немале деца, ниту кога самохраните мајки губат финансиска поддршка за нивните деца студенти, ниту кога стотици илјади жени во државава се помалку платени од мажите за иста работа, ниту кога стотици илјади жени се најчестите примателки на минимални плати, а истите оваа Влада ревносно се бори да не ги зголеми.

На ГСД не ѝ текнува на жени ниту кога треба да доделува сериозни функции за кои има претендентки кои се повеќекратно подобри, па и супериорни во однос на мажите противкандидати.

Не, не.

На ГСД ѝ е гајле за жените само кога сака да ги користи како штит за одбивање на издржаните критики.

Кандидирањето на партискиот пиун Трајко Славески за Гувернер на НБРМ е уште една во низата потврди за тоа колку ама ич не ѝ е гајле на ГСД за професионалност, а богами и го руши митот за нејзините наводни независност и надпартизам. Комплетно партиски поклопена клиентка, без намера ниту да го изглуми имиџот што предизборно го продаваше.

И така Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, човекот кој додека ги водеше финансиите на земјата жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата…

Гувернер ќе биде човекот кој, заедно со Данела (уште еден „успешен“ вмровски проект) ја дели одговорноста за катастрофалното водење на Град Скопје, уништување на сите перспективи на нашата единствена метропола и крахирање на сите јавни сервиси за услуги за скопјани.

Гувернер на НБРМ ќе биде човекот познат по фрапантниот недостаток на основна политичка култура, кој седниците на Совет на Град Скопје, каде претседателствува, со своите малограѓански настапи ги претвора во најдолни муабети недолични и за пред коперација, човекот кој додека зборува со своите сограѓани, ги навредува и омаловажува.

Ете, до таму нѐ доведоа лажните ветувања на лукавите, слепата послушност на нивните сопартијци и игнорантскиот, а надмен и зачинет со цинизам однос на самоовластените казнувачи.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Нова
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во близина на еврејскиот музеј во Вашингтон

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk