РИБАРО
По три и пол години седење во удобната фотелја во Град Скопје, исцрпно блокирање на сè што може во градот и жртвување на нервниот систем на скопјани, навистина не знам како станувам гувернер на Народна банка? Ваљда кога ќе го закочиш главниот град доволно долго, заедно со нашата Данела, со која као сега не се сакаме, наградата најверојатно сама си доаѓа по себе. Добро де, во случајов ме наградува Претседателката со амин од вмровската свита, ама тоа нели се подразбира дека така треба да биде, вели Трајко Славески за АХА.
„Тоа драги мои следува кога од првиот работен ден како претседавач на советот на Град Скопје ќе си порачаш ајфон најнов модел и службено ауди.
Нели гледате како се исплати да бидеш Економист од кариера што најгласно се противи работниците да добијат покачување на минималната плата. Да бидеш министер за финансии во златната доба на Груевски. Сиот минат труд се исплати. Сега не е ништо ралично нели со стратешкиве спогодби.
И ете ме мене поставен за главен да го чувам денарот.
Јас, ваков, ќе ви бидам Гувернер на Народна банка! Човече, дали ви се верува?!, обземено изјави Славески за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.