ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025 18:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Кардула е име што одамна не бара претставување меѓу македонските уметници, но зад тоа име се крие многу повеќе од графички дизајнер и уметник. Тој е левичар, активист, горд припадник на влашката заедница – и, како што велат оние што го познаваат, добар другар и вистинско човечиште.

Кардула по повод „120 години Национален ден на Власите“, претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло.

„120 години Национален ден на Власите“ па по повод тоа ви преставувам 120 портрети на познати личности со влашко потекло. Сите тие имаат оставено своја трага во влашката историја и култура. Тие во исто време се и Македонци, Албанци, Срби, Грци, Југословени, Романци, Унгарци, Италијани, Германци, Австријци, Американци, Бугари и секако се дел од историјата на државите каде живееле. Секогаш посветени на развојот на државата во која живеат и лојални ма истата. Власите се нераскинлив дел од Европа“, објави Кардула.

Небојша Гелевски за Зоран Кардула: Добар другар, вистинско човечиште и хиперподуктивен уметник

Графичкиот дизајнер – Небојша Гелевски пак во чест на Зоран Кардула направи графика со неговиот лик. за како што вели, да се додаде на албумот.

„Зоран Кардула – добар другар и вистинско човечиште!“ – вака, едноставно и со топлина, Небојша Гелевски го опишува својот долгогодишен пријател и соработник. Но зад тие неколку збора се крие цел еден свет – светот на еден посветен левичар, активист и горд Влав, кој го живее животот низ уметноста и дизајнот.

Кардула, дипломиран електроинженер по образование, но дизајнер и уметник по страст и вокација, е еден од најплодните графички автори на македонската сцена. За него, дизајнот не е само занает или форма – туку израз на став, идентитет и отпор.

„Хиперподуктивен“ не е претерување – неговото портфолио брои соработки со светски брендови како Swarovski, Swatch и INYO, како и бројни изложби ширум светот, каде што со својот визуелен јазик Кардула комуницира универзални, но и длабоко лични теми.

Роден во 1967 година, Кардула и во 2025-та зрачи со младешка енергија, бескомпромисна креативност и ретко видена доследност. Тој е еден од оние луѓе кои не само што создаваат уметност – туку ја живеат. А како што вели Гелевски – пред сè и над сè – тој останува добар човек и пријател.

„Оваа илустрација недостасува во неговиот фантастичен албум со 120 портрети на познати Власи и Влаинки. Морав да ја направам!“, истакна Гелевски

 

Националниот ден на Власите се одбележува секоја година на 23 мај и претставува значаен празник за влашката заедница во Македонија и пошироко на Балканот. Овој ден е посветен на признавањето на Власите како посебен народ со сопствен етнички, јазичен и културен идентитет.

Во 1991 година, Лигата на Власите и други влашки организации го прогласиле 23 мај за Национален ден на Власите на глобално ниво . Во Македонија, овој ден е официјално признат и според Законот за празниците, 23 мај е неработен ден за припадниците на влашката заедница.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: Ден на ВласитеЗоран КардулаНебојша Гелевски
Next Post
Фото: МИА

Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?

EVN

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk