Минатиот јули беше објавено дека продолжението на комедијата „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada) од 2006 година е официјално во подготовка кај Дизни, пишува Variety.
Иако беше објавено дека Мерил Стрип и Емили Блант ќе се вратат во своите улоги, ниту еден член од актерската екипа сè уште не е официјално потврден.
Стенли Тучи, кој глумеше во оригиналниот „Ѓаволот носи Прада“, неодамна изјави за Variety: „Знам дека работат на тоа. Ако се случи, би бил пресреќен, но не можам да ви дадам никакви информации. Инаку, ќе завршам во актерски затвор или нешто слично. Оригиналот беше едно од најдобрите искуства некогаш.“
Следното поглавје наводно ја следи Пристли додека се движи низ својата кариера среде падот на традиционалното издаваштво списанија и додека се соочува со ликот на Блант, сега моќен извршен директор за луксузна група со рекламни пари што ѝ се потребни на Пристли.
Дизни сега официјално го закажа 1 мај 2026 година како датум за премиера во кината.
Испаѓа дека ѓаволот (сè уште) носи Прада!
Б. Т.