Откако преостанатите активисти беа ставени во домашен притвор, блокадата на судот и обвинителството во Нови Сад заврши – по две недели, јавуваат српските медиуми.
Студентите претежно ги отфрлаат плановите за надомест на школарина и повикуваат на нови протести.
Денес во 19 часот пред зградата на Покраинската влада во Нови Сад ќе се одржи протест против фемицидот, каде што ќе зборува студентката Ана, на која активисти на Српската напредна партија во тој град ѝ ја скршија вилицата кон крајот на јануари.
„Ана бараше правда, а СНС ѝ ја скрши вилицата“, се наведува во поканата за настанот организиран од собранието на граѓаните на Нови Сад.
Тие рекоа дека фемицидот мора да стане посебно кривично дело.