ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

May 30, 2025 15:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.

Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавност дека главната расправа за предметот со К. Бр. 1339/24 поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и Велешанецот П.Ж. насроечна за 02.06.2025 година, по барање на надлежниот јавен обвинител, се презакажува за следниот, веќе насрочен термин, на 09.06.2025 година во 10:00 часот. Имено заради обемноста на предметот, изведените материјални и вербални докази, дополнението на доказната постапка, како и потребното време за соодветна подготовка на завршните зборови, прифатено е барањето за презакажување на расправата, за што странките ќе бидат известени, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

На миантото рочиште во Основниот кривичен суд Скопје беа изведувани дополнителни докази од страна на одбраната на обвинетите Палевски, Видевски и Ѓорчевски, додека одбраната на останатите двајца обвинети Манев и Кешишев не предложи докази во дополнението на доказната постапка. Првообвинетиот Љупчо Палевски најпрво приговараше на образложението на Основното јавно обвинителство во врска со сметањето на времето. Според него, времето од снимките во дворот на Велибор Манев кои претходно ги изведе Обвинителството пред Судот, не се во реално време иако биле вештачени и потврдени од МВР Форензика.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Tags: двојно убиствосудење
Next Post

Франција воведува забрана за пушење цигари на сите јавни места

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk