ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Трет квартал по ред раст на БДП од над 3 проценти, се рангираме во петте најбрзо растечки економии во Европа

June 3, 2025 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на бруто домашниот производ, откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 проценти. Ова е бројката којашто ја објавува „Евростат“.

-Македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, ова е доказ дека кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и со трпение, резултатите мора да дојдат.

-Знаевме дека не смееме да губиме време. Го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината, кој што секогаш е најслаб и најпредизвикувачки, додаде Мицкоски.

Тој напомена дека доколку сакаме до 2030 година да бидеме уште повиско на европската економска скала, мораме да го одржуваме просекот, кој ќе биде поголем од 4 проценти. Тоа, како што додаде, не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори.

-Имајќи предвид дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4 проценти, тогаш можеме да кажеме дека ние сме два и пол пати над тој просек, а во евро зоната е 1,2 проценти. Белгија е 1,1; Германија е 0, Естонија е 0,1; Франција е 0,6; Италија е 0,7; Латвија е -0,3; Унгарија е -0,4; Австрија е -0,7, Романија е 0,5, Словенија е -0,8, Словаќка е 1, Финска е 0,8, соседна Србија во првиот квартал е два отсто проценти, додаде Мицкоски.

Тој појасни дека целта на оваа Влада била да се решат дупките во продуктивност и вработувањето.

-Важно е дека покажавме дека државата конечно функционира. Тоа го гледаме во странските инвестиции што растат, во индустриското производство кое што се стабилизира и веќе втор квартал по ред е позитивно, во новите инвестиции што се реализираат од Гевгелија до Куманово, од Кичево до Штип, од Делчево до Дебар. Овој раст не е само бројка, тоа се нови фабрики, нови машини, нови договори, нови плати, нова надеж. Тоа се семејства што ќе имаат повеќе сигурност, тоа се млади луѓе што гледаат причина да останат и да се борат тука во својата земја. Знаеме дека економијата не е ништо без луѓето, затоа ја градиме економијата со луѓето, со трудољубиви работници, со креативни млади, со стручни инжинери, рече Мицкоски.

Како што напомена, денешниот раст е сигнал дека државата се движи напред со посветеност, храброст и со јасна визија.

Tags: БДПМицкоски
Next Post

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство

EVN

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

April 13, 2026

Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

April 13, 2026

СДСМ: Време е за вистината за врските Мицкоски–Орбан

April 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk