ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

June 3, 2025 13:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во пожарот во Кочани, за непостапување на полицијата и за наводно штитење началници, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, а инстиуциите се должни да најдат одговори.

-Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се тие коишто заедно со сите нас патат, жалат и ги боли ова што се случува во Македонија, а нив најмногу. И тие имаат право да бараат одговори, а институциите се должни да најдат одговори. И ќе дадат одговори, нагласи Тошковски.

Изрази уверување дека Јавното обвинителство  коешто во оваа ситуција ги презема сите оние дејствија кои треба да ги преземе, како во делот на работењето на Основното јавно обвинителство, така во делот на работењето на ЈО за организиран криминал да ги даде одговорите на сите прашања кои се поставуваат од страна на родителите и од страна на целокупната македонска јавност.

-Но не можам а да не спомнам, дека само Господ на крајот на завршување на целокупниот овој процес, ќе биде оној којшто ќе суди за секоја една солза која дополнително непотребно е исплакана од македонскиот народ заради тоа што одредени политички лешинари, се обидуваат цело време упорно, свесно, да манипулираат со македонскиот народ, и особено со родителите, рече Тошковски.

На последниот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што се одржа во саботата, родителите на загинатите во јавното обраќање пред Обвинителството родителите реагираа што бројот на осомничените од 73 се намалил на 46 лица, а повеќето од оние кои треба да одговараат не се повикани на распит, ниту пак се осомничени. Нагласија дека во периодот на болка и тага биле принудени да ги проучуваат законските норми и прописи за да не бидат изманипулирани, а сите сознанија до кои дошле ќе ги објават на заеднички профил на социјалните мрежи. Родителите најавија дека ќе продолжат со своите истраги и ќе ја играат улогата на УЈП и на другите надлежните институции, посебно што било дозволено клубот „Пулс“ да работи со блокирана сметка дури 217 дена, а при контролите е утврдено дека не се издаваат фискални сметки. Од осмиот „Марш за ангелите“ во Кочани родителите порачаа дека остануваат на барањето за неселективност во постапката, а ако не ја добијат правдата пред домашните правосудни органи, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КочаниродителиТошковски
Next Post

Сиљановска Давкова смета дека во Извештајот за напредокот на земјава реално ќе биде отсликана ситуацијата

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk