ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како да живеам со оваа тишина за Газа?

June 11, 2025 20:01
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Јане Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Не знам дали сме нормални. Дали сме живи? Или само сè уште дишеме од навика, додека светот се распаѓа пред нашите очи. Јас не можам да си ја објаснам оваа глобална нечувствителност, оваа тивка прифатеност на масакрот што Израел го изведува врз цивилното население во Појасот Газа.

И тука не сакам да споредувам со одговор на демократскиот свет за некој терористички напад, или некој диктатор што не му е по волја на некој друг, ама споредебите сами си се наметнуваат.

Зошто демократскиот свет молчи или е недоволно гласен за масакрот на Израел врз Палестинците во Газа?

Повеќе од 55.000 убиени луѓе. Повторувам: педесет и пет илјади мртви, повеќе од половина од нив жени и деца. 127.000 повредени тела, скршени коски и гореници, изгубени екстремитети, распарчени семејства. 90% од населението раселено, цели градови срамнети со земја, животот згмечен под гасениците на една од најнапредните воени машинерии на светот.

И покрај сето ова – тишина.

Израел вели дека цел се милитантите на Хамас.

Па како тоа?

Дали овие деца, мајки, старци, лекари, новинари, уметници – дали тие се Хамас?

Дали болниците и училиштата се терористички бази? Или веќе не важат никакви стандарди, никакви морални и правни ограничувања кога се убива „другиот“?

Да, Хамас нападна на 7 октомври. Да, загинаа 1.200 израелски цивили. Тоа беше злосторство. Гнасен терористички чин за секаква осуда. Не знам багабонтите од Хамас со кој ум им дадоа повод на израелските власти да добијат причина за да се пуштат во масакр, ама изгледа некој страшно ги заеба и страшно добро си има наплатено.

Но, небитно е сега сето тоа.

Најмалку е важно „кој прв почна маме му ебем“, кога имаме потоа педесет и пет илјади жртви.

Геноцид во живо, пред очите на светот кој вешто гледа накај небото додека децата умираат под урнатините во Газа?

Хуманитарната помош е блокирана. Луѓето умираат од глад, додека конвоите со брашно и лекови стојат на границата. ОН викаат дека нема пренасочување на помошта, но Израел сè уште ја држи клучалката.

А светот?

Светот шепоти нешто за „право на самоодбрана“, потоа се враќа на дневната рутина, на берзите, на изборите, на Трамп и Маск, на цицките од…

Па состанчат, па со некакви осуди, необврзни декларации, резолуции се обидуваат да си ја спасат само совеста.

Конкретна акција против политиките на Нетанјаху нема.

Нема!

Се сеќавате – Трам ќе ја правеше Газа оаза на слободата, објави и видео за тоа како ја замислува иднината на Газа.

Но Трамп нели за една недела ќе ја завршеше и војната во Украина.

Ај да не се мачиме, на сите ни е јасно со каков лик си имаме работа.

Зборот ми е: луѓето во светот, оној обичен народ желен за правда се собира демонстрира.

Ние овде, како да не постоиме.

Така е за Украина, истото и бетер за Газа.

Мене ми е срам.

Од себе, од сите нас. Од тоа што станавме публика на геноцидот.

Беспомошноста е болна, но молкот е уште поболен, да не речам соучесништво.

Ако не можеме да го сопреме масакрот, мора барем да викнеме. Да сведочиме. Да не дозволиме оваа срамна епизода од човечката историја да мине незапишана, неосудена, неисплачена.

Велат – Ако тишината е злато, тогаш денес човештвото е богатство на срам.

Умрен сум од срам од што сум немоќен.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ГазаизраелЈане ЃорѓиоскиПалестина
Next Post

Генералниот секретар Димитријевиќ назначен за шеф на Изборниот штаб на СДСМ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk