ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ, како што ветуваа, земјата е целосно закочена

June 19, 2025 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека земјата е целосно закочена, дека нема напредок во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, а меѓународните позиции на државата се загрозени.

-Она што ние го гледаме во оваа една година е дека нема никакво подобрување на позициите на државата, а тоа е она што актуелната власт го ветуваше пред изборите. Позициите стануваат од ден на ден се полоши и евроинтегративниот пат, де факто, во моментот е закочен и загрозен, нагласи Шукова, додавајќи дека европските претставници повторуваат дека вратите на ЕУ во моментот се отворени, Албанија, со брзо темпо оди напред, како и Црна Гора, а ние заостануваме.

Тоа што нема напредок во европската агенда и планот за раст од една страна ги загрозува позициите на државата, но значи губење на пари, на голем дел од грант средствата од ЕУ, додаде таа.

Потпретседателката Шукова посочи дека нема никаков напредок во клучни области од реформската агенда, а наместо борба против криминалот и корупцијата гледаме селективност.

-Имаме реформска агенда, имаме план за раст и точно знаеме што треба да правиме. Но власта тоа не го прави. На овој начин како што се практицира власта, не гледаме сериозна борба против корупција и криминал, вклучително и Кочани, кое како тема сме го отвориле многу пати, таму зборувавме многу долго за селективна правда, па под притисок на јавноста и дел од политичките партии, се прошири истрагата со актуелни функционери, така да има многу прашања, за кои треба да се дискутира и многу прашања на кои треба да работи. Со празни флоскули не се тера политика, рече потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Tags: ЕУШукова
Next Post

Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник - Владата на Мицкоски

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk