ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

June 24, 2025 16:34
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Годинешниот Скопје Прајд, одржан минатиот викенд, шести по ред во низата паради на гордоста, беше прилично поразличен од неговите претходни изданија.

Она што не можеше да не се забележи оваа година е целосното отсуство на поддршка од долгогодишниот поддржувач, Американската амбасада во Скопје, како и неприсуството на претставници на другите амбасади во земјава на парадата, кои решија својата поддршка оваа година да ја покажат само преку штури соопштенија на социјалните мрежи.

Втората работа по која годинешната парада на гордоста се разликува од претходните изданија какви што ги памтиме, е што знамињата на виножитото беа сведени на минимум, освен традиционалното големо знаме кое повеќе беше легнато на земја отколку кренато во воздух. Овој пат, тие беа заменети со палестински знамиња и пораки со поддршка на Газа, како и квази-левичарска иконографија, што на целата парада ѝ даде јасна политичка конотација која нема врска со човековите права на ЛГБТК+ заедниците.

Фото: Скриншот од видео на Мета.мк

Откако организаторите ќе ги средат впечатоците, и ќе ги сумираат резултатите, би требало да сфатат дека првото и второто се во корелација.

За тоа како парадата на гордоста се претвори во квази-левичарска, про-палестинска прошетка по улиците на главниот град,  можеби одговорот лежи во изјавата на претседателката на Хелсиншкиот комитет која кажа дека за да опстојат, потребни се нови сојузи.

Фото: Скриншот од видео на Мета.мк

Нема дилеми околу тоа дека геноцидот во Газа треба и мора да се осуди, но за тоа може да се организираат посебни настани и протести на кои ќе дојдат сите кои сакаат да присуствуваат. Вака се добива впечаток дека се инфилтрирани во една парада со сосема поинаква конотација.

Една активистка дури и се пожали дека претседателката на државата не го осудила геноцидот врз Палестинците, заборавајќи притоа дека и тие самите, ограничувајчи се на Газа во транспарентите и скандирањето, не осудија еден друг геноцид кој се врши врз Украинците од страна на Русија.

Или така, беше скроен планот на делување од пропагандната машинерија чиј центар се наоѓа во земја која, додека убива цивили во друга земја, врши тортура врз припадниците на ЛГБТК+ заедницата во сопствената.

Фото: Мета.мк / Ванчо џамбаски

И додека на Парада на гордоста ја даваат поддршката за Газа, со која раководи Хамас, не е лошо да се иинформираат каков третман во Газа имаат геј луѓето. Години наназад извештаите на групите за човекови права посочуваат на праксата на палестинската самоуправа во Газа и Хамас рутински да ги мачат активистите за човекови права, жените, ЛГБТК+ лицата, и политичките противници..

Скопје Прајд не е изолиран случај. Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, голем дел од организираната ЛГБТК+ заедница, која историски добиваше поддршка од еврејската заедница, застана на страна на пропалестинска антиизраелска активност. Евреите и поддржувачите на Израел беа изолирани од ЛГБТК+ заедницата иако, почнувајќи со движењето за граѓански права од 1950-тите и 1960-тите, тие беа длабоко вклучени во активизмот и им даваа поддршка на организациите што ги унапредуваат правата на ЛГБТК+ луѓето, жените, расната еднаквост и репродуктивната слобода.

Според извештајот на UN Watch, од 2022 година, ЛГБТК лицата кои живеат под контрола на Палестинската самоуправа и Хамас страдаат од „тежок прогон и тортура“.

Геј Палестинците кои успеале да избегаат раскажуваат за ужасни тортури од страна на силите на Палестинската самоуправа и Хамас, вклучувајќи често успешни обиди да ги принудат да информираат за другите, присилни бракови и закани со смрт.

„Ме уапсија, ме обесија од таванот, ме тепаа и ме испрашуваа пет дена“, рече геј Палестинец од Газа кој сега живее во егзил во Турција.

„Сите се плашат од секого. Некои се казнети, некои се убиени. Други се самоубиле“, рече друг геј маж од Газа.

Голем број геј палестински мажи го ризикуваат својот живот за да ја преминат границата во Израел, тврдејќи дека се чувствуваат побезбедно меѓу Израелците отколку меѓу сопствениот народ.

Според некои проценки од 2003 година, во Израел тајно живеат и работат 300 геј палестински мажи.

Нивната подготвеност да живеат таму – и покрај ризикот да бидат притворени и депортирани како безбедносна закана – се должи на палестинските ставови кон геј мажите, тврдат тие.

Многу палестински геј лица велат дека сепак би сакале да живеат во домашен притвор во Израел, каде што хомосексуалноста не се смета за кривично дело, отколку дома. Геј лицата се плашат од милитантна одмазда ако се вратат.

Еден 22-годишен геј маж кој избегал од Газа во Израел пред четири години, изјавил за програмата Outlook на BBC World Service дека речиси бил убиен кога неговото семејство дознало за неговата сексуална ориентација.

22-годишникот кој избегал од својот дом во Газа тврди дека оние што остануваат на окупираните територии често се принудени да работат за палестинската полиција.

Тој рече дека самиот бил запрен од полицијата во Газа, која му се заканила дека ќе го разоткрие како хомосексуалец. Тврди дека полицијата му рекла да спие со друг маж за да добие штетни информации за него. Откако одбил, палестинската полиција го мачела.

Новооткриените документи од февруари 2025 година, покажуваат дека Хамас мачел и егзекутирал членови во своите редови за наводна вмешаност во истополови врски, според системот за „проверка на моралот“ што го користи милитантната група, поддржана од Иран, за да ги идентификува регрутите кои не ги исполнуваат нејзините строги идеолошки стандарди.

На крајот, ако може да им порачам на организаторите: Поддржувајќи – свесно или несвесно – агенда на малициозна пропаганда од одредени центри на моќ, ризикувате да ја изгубите поддршката која ја барате за себе и за оние што велите дека ги застапувате.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА
Next Post

Цените на нафтата и златото паднаа на двонеделен минимум по примирјето меѓу Израел и Иран

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk