Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х на 1218 ден од руската војна во Украина го објави обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски до учесниците на Форумот на одбранбени индустрии.
Ден 1218. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во рамките на своето обраќање до учесниците на Форумот на одбранбени индустрии, меѓу другото, изјави:
📎 https://t.co/a3yVmhfI5m pic.twitter.com/0sIeMsG1Mx
— Larysa Dir (@dir_larysa) June 25, 2025
Ден 1218. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во рамките на своето обраќање до учесниците на Форумот на одбранбени индустрии, меѓу другото, изјави:
„Нема никакви знаци дека Путин сака да ја запре оваа војна. Русија ги отфрла сите мировни предлози, вклучително и оние што доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Путин мисли само на војна. Тоа е факт. Можно е тој да го поврзува сопственото политичко опстојување со способноста да продолжи да убива: додека убива – живее. Нашите разузнавачки служби го потврдуваат тоа. Русија дури и планира нови воени операции на територијата на НАТО, односно на територијата на вашите држави. Оваа војна во моментов се води во Украина, и неопходно е добро да се подготвиме – да бидеме подготвени. Без сомнеж, мораме да го запреме Путин сега и во Украина, но исто така мораме да сфатиме дека неговите цели одат подалеку од Украина. Европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана. Ние сметаме дека 5% од БДП е соодветно ниво. Обединета Европа е способна да изгради такви одбранбени капацитети што ќе ја уништат руската илузија дека војната со Европа може да ѝ донесе нешто.“
Д. Мишев / Цивил Медиа