ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна

June 25, 2025 15:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Нема никакви знаци дека Путин сака да ја запре оваа војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до учесниците на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг на 24 јуни.

Русија ги отфрла сите мировни предлози, вклучително и оние што доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Путин мисли само на војна. Тоа е факт. Можно е тој да го поврзува сопственото политичко опстојување со способноста да продолжи да убива: додека убива – живее. Нашите разузнавачки служби го потврдуваат тоа, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател предупреди дека Русија дури и планира нови воени операции на територијата на НАТО, односно на територијата на држави на учесниците на Форумот..

Оваа војна во моментов се води во Украина, и неопходно е добро да се подготвиме – да бидеме подготвени. Без сомнеж, мораме да го запреме Путин сега и во Украина, но исто така мораме да сфатиме дека неговите цели одат подалеку од Украина.

Зеленски се сложува дека европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана и смета дека 5% од БДП е соодветно ниво. Тој нагласи дека Обединета Европа е способна да изгради такви одбранбени капацитети што ќе ја уништат руската илузија дека војната со Европа може да ѝ донесе нешто.

Потенцирајќи ги капацитетите на одбрамбената индустрија на дека Украина, Зеленски  истакна дека земјата може да произведува над 8 милиони дронови од различни видови секоја година и повика на зголемени инвестиции од сојузниците за да се достигне тој потенцијал.

Форумот за одбранбена индустрија кој се одржува во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг на кој се очекува земјите-членки да се обврзат на значително зголемување на трошоците за одбрана – до 5% од БДП и каде се закажани разговори меѓу Зеленски и Трамп за рано попладне, при што двете страни ќе го финализираат дневниот ред.

Самитот на НАТО доаѓа една седмица по Самитот Г7 во Канада, на кој, како што објави ЦивилМедиа, не успеаја да се сретнат претседателите на САД и Украина, откако прво Трамп, а потоа и Зеленски предвреме го напуштија Самитот, додека преостанатите членки на Групата  Г7 не успеаја да издадат заедничка изјава за војната во Украина откако САД инсистираа да се ослабне формулацијата.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: војнаЗеленскиПутин
Next Post

Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk