ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025 23:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Share on FacebookShare on Twitter

Тензично е вечерва во центарот на Белград откако студентоте во блокада прогласија крај на протетсот во 21 часот –  полицијата се судри со демонстрантите.

Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување непосредно пред 22:00 часот во центарот на Белград против група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон нив. Немирите почнаа неколку минути по завршувањето на собирот, а откако студентското обезбедување го напушти просторот што ги одвојуваше демонстрантите и приврзаниците на власта кои се пред српското Собрание.

На булеварот во близина на Уставниот суд, каде што се наоѓа жандармерискиот кордон, дошло до судир меѓу граѓаните и полицијата, јавува Н1.

Судир имало и на улицата Кнез Милош.

Луѓе со маски на лицата и качулки на глава ја нападнаа жандармеријата, а се слушаа и топовски истрели. Има граѓани кои ги кренаа рацете високо, истакнува репортерот на Н!.

Ветераните, со кои разговараше новинарот на Н1, му рекоа дека ќе ја држат линијата и нема да дозволат инциденти, но откако беше најавен крајот на студентскиот протест и студентите ги соблекоа елеците, и ветераните си заминаа.

Некои граѓани фрлаат факели, а во еден момент дошло до судир меѓу нив.

Уапсени се двајца млади мажи.

Репортерот на Н1 вели дека некои граѓани сакале да одат во Пионирскиот парк, но полицијата не им дозволила, кога избувнал конфликтот.

Толпата извикува „спуштете ги штитовите“.

Во моментов, ситуацијата е смирена, а граѓаните се протегаат од Уставниот суд до Правниот факултет.

Околу 22:45 часот, припадник на жандармеријата им се обрати на граѓаните преку мегафон, барајќи од нив да се разотидат што е можно поскоро, во спротивно ќе интервенираат.

Граѓаните на првите линии против жандармеријата се држат за раце.

Една жена седна на патот пред жандармеријата.

Немири имало и кај турската амбасада. Се слушнаа неколку топовски истрели и петарди, јавува репортерот на Н1. А на снимката се гледа судир на полицијата со демонстрантите.

Според репортерот на Н1, нема индикации дека луѓето ќе се разотидат.

Демонстрантите и „студентите кои сакаат да учат“ се одделени на еден булевар со вкупно три кордони – жандармерија и два кордона на полициската бригада.
Засега се знае само дека се приведени неколкумина од демонстрантите.

Неколку десетици илјади студенти и граѓани незадоволни од режимот на Вучиќ се собраа вечерва на протест „Се гледаме на Видовден“ во центарот на Белград.

Протести во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Полицијата распореди десетици полицајци во опрема за немири околу владини згради, парламентот и Пионирски парк каде се собрани студенти кои се противат на блокадите и каде денеска имаше голем број поддржувачи на властите од целата земја, јави дописникот на МИА од Белград.

До 21 часот не беа регистрирани инциденти.

Од протестот на студентите во блокада беше порачано – „Земете ја слободата во свои раце, ние веруваме во вас, имате зелено светло“.
„Нема да ви кажеме што да правите, не затоа што не знаеме, туку затоа што вие знаете. Народот треба да се води според својата совест. Времето е ограничено, но не и ние. Ова е граѓански, а не повеќе студентски протест, беше кажано на официјалниот крај од протестот на плоштадот Славија во Белград.

„Денека, 28 јуни 2025 година, ја прогласуваме сегашната влада за нелегитимна“, рече студент во блокада и еден од говорниците на протестот.

Владан Ѓокиќ, ректор на Универзитетот во Белград, се обрати пред присутните, и рече дека „вечерва се собравме тука за да го потврдиме единството во одбраната на основните демократски и универзитетски вредности“.

Ѓокиќ, во говорот на граѓанскиот протест нагласи дека „студентите, со својот храбар и мирен бунт, го обединија целото општество во заедничка мисија – да ги зачуваат институциите, правдата и правото на различност“.

„Затоа чувствуваме гордост, припадност и одговорност да истраеме. Промената ја иницираа студентите, храбро, непоколебливо, а универзитетот застана покрај нив, како и покрај бунтовните граѓани“, им рече Ѓокиќ на собраните на протестот.

Според него, тие покажале дека на насилството, навредите и лагите се одговара со достоинство, упорност и смиреност.
„Како што тивката вода рони брег така и нашата ненасилна борба носи трајна и длабока промена во општеството“, рече ректорот на БУ.

Студентите во блокада вечерва објавија на социјалните мрежи дека ултиматумот што го поставија до Владата на Србија истече во 21:00 часот.

„Ултиматумот истече“, кратко објавија студентите на Инстаграм, заедно со фото од семафор со зелено светло.

Тие претходно поставија ултиматум до Владата на Србија да распише вонредни парламентарни избори и да го прекине собирот што се одржува веќе неколку месеци во Пионирски парк и пред Народното собрание.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград  и дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш на ангелите“ во Кочани: Родителите со свирежи и извици пред полициската станица и судот незадоволни од текот на постапката

June 28, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk