ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

June 29, 2025 10:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СПОРТ
Фото: „Петровски Брадрс“

Фото: „Петровски Брадрс“

Share on FacebookShare on Twitter

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот.

МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ќе застане македонскиот режисер Зоран Петровски, кој живее и работи во соседна Бугарија и кој во изминатите 20 години има работено на познати високобуџетни играни серии и телевизиски реклами, како и на многу меѓународни филмски и телевизиски продукции. Филмското деби на режисерот Петровски, е негов огромен мотив да се претстави со дело кое ќе ја освои пред се Европа и ќе прикаже убава позитивна приказна за нашата најголема фудбалска легенда која го освои светот.

На сценариото ќе работи Ѓорѓе Милиќевиќ, кој по потекло е од Србија, но повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Изборот Милиќевиќ да го работи сценариото не е случаен имајќи предвид дека тој е еден од сценаристите на една од најпознатите фудбалски стории, филмот „Victory” (Бегство кон Победа) во кој играат големите филмски имиња како Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн, Макс фон Сидоф, но и едно од најголемите фудбалски имиња на сите времиња, Пеле.

– Филмот во никој случај нема да претставува само документарна биографија, туку ќе биде вистинска холивудска приказна во која ќе има моменти за кои малкуминаа знаат, а самата приказна треба да ја заинтересира поширока пубилика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. Оваа приказна излегува од досегашните македонски филмски стории и има за цел да ја прикаже Македонија во едно позитивно светло. Самата сторија треба да биде поттик за многу идни млади генерации дека во спортот со талент и напорна работа нема недостижни врвови, дека дете од Скопје кое потекнува од просечно работничко семејство успева да го достигне Европскиот и Светскиот фудбалски врв, велат од продукцијата „Петровски Брадрс“ од Скопје.

Ќе се снима на локации во Македонија, Србија и Италија

Продукцијата „Петровски Брадрс“ веќе има потпишано ексклузивен договор со Дарко Панчев за екранизација на неговата животната сторија на филмското платно.

Оттаму за МИА откриваат дека во текот на подготвителниот период ќе бидат организирани кастинзи и избор на локации на територија на државава, како и во Србија и во Италија, земји во кои Панчев ја градеше својата кариера.

Во моментот во тек се преговори за медиумски партнери и спонзори кои ја препознаваат важноста и големината на проектотот и се подготвени да застанат зад истиот.

–  Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Секоја спортска приказна е убава приказна и се надевам дека филмот ќе биде направен како што треба и ќе биде интересен за гледачите. Јас од моја страна колку можам да помогнам во реализација на филмот, сигурно дека ќе се потрудам да помогнам. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар, вели најголемата фудбалска ѕвезда во земјава Дарко Панчев за проектот на продукциската куќа „Петровски Брадрс“.

Панчев во изјава за МИА оценува дека со филмот не само што ќе биде промовирана државата, туку ќе се испрати и порака дека во оваа држава имало и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание.

– Добро е за нашата држава да има еден ваков спортски филм, затоа што тоа ќе биде реклама и за Македонија и порака дека и во оваа држава имало, има и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание не само од нашата јавност, туку и од пошироката европска јавност. Во тој контекст, сакам да нагласам дека се работи навистина за една убава идеја, нагласува Панчев.

Панчев е најголемото фудбалско име во поранешна Југославија и во Европа во тоа време, како и најдобар фудбалер кој земјава го имала. Тој е најголемата македонската фудбалска легенда, освојувач на Купот на шампионите и Интерконтиненталниот купи и на Златната Копачка.

Билјана Анастасова-Костиќ / МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дарко Панчевфилм

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk