ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВЛЕН поднесува кривична пријава „за фалсификување на Пописот 2021 и намерна манипулација со бројот на Албанците“

July 2, 2025 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претставникот на ВЛЕН, Фатмир Сабриу, денеска соопшти дека оваа коалиција ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против, како што рече, „тогашното раководство на Државниот завод за статистика, одговорни лица во поранешната Влада предводена од ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичка власт“.

Сабриу посочи дека причината за пријавата е сериозен сомнеж за „политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година“.

„Се сомневаме дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 од Кривичниот законик,“ рече Сабриу.

Тој нагласи дека, според нивните наоди, последиците од пописот се „далекусежни“, со драстично и свесно намалување на бројот на Албанци во многу села, населени места и градови ширум државата.

„Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права гарантирани со Уставот – како што се вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да одлучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини,“ изјави Сабриу.

Од ВЛЕН побараа од Јавното обвинителство да ги испита наводите, додавајќи дека деновиве „високи функционери на ДУИ јавно признаа дека ‘пописот бил во рамки на договореното’, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.

„ВЛЕН ја презема оваа иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваме ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага,“ додаде Сабриу.

Тој заврши со порака дека борбата за вистината допрва започнува:

„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега – и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.“

Tags: АлбанциВЛЕНПопис
Next Post

Пензионираните пилоти на „ер тракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk