Осум лица загинаа денеска во повеќе руски напади врз Украина, соопштија украинските власти.
„На 3 јули непријателот го нападна градот Полтава (…) оштетена е цивилна инфраструктура“, објави гувернерот на Полтавската област, Володимир Когут, преку апликацијата Телеграм.
„Две лица се убиени“, додаде тој. Украинската армија ја потврди информацијата, наведувајќи дека станува збор за напад врз регрутен центар.
Украинската новинска агенција „Укринформ“ јави дека завршиле спасувачките операции по руски напад со дронови во кој загинале две лица, а 47 се повредени.
Во Одеса, според вицепремиерот Олексиј Кулеба, при руски напад загинале две лица, а шест се повредени.
Во Доњецката област, утринава загинале уште четири лица во серија напади, соопшти регионалното обвинителство.