ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Републичкиот јавен обвинител, Коцевски побара повеќе пари од ребаланост на буџетот за вештaчења, дигитализација и нови вработувања

July 3, 2025 15:26
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска од страна на пратениците на собраниската Комисија за фианансирање и буџет, побара од ребалaнсот на Буџетот да се издвојат пари за вештачењата на предметите Онкологија и Пулс, како и за дигитализација на оваа институција, продолжување на лиценците за софтверите и за исплата на додоатоци за вработените, кои, рече, согласно Колективниот договор им следуваат.

-Сето ова се активности кои треба да се предвидуваат и обезбедуваат пари од страна на државата. Затоа што минимум средствата се фиксирани на 0,4 отсто од државниот буџет, притоа нагласувам дека во законот стои од вкупниот државен буџет, а не од буџетските приходи и повторно оваа година ни беа доделени само половина од законски предвидените пари. Навистина, за разлика од лани, кога со ребалансот ни беа скратени средства, денеска сум тука пред вас да изразам благодарност, што барем средствата на Обвинителството не се и дополнително скратени, рече Коцевски.

Тој од говорницата на седницата на собраниската Комисија нагласи дека одобрените околу 14,5 милиони евра и после ребалансот нема да бидат доволни  за да се остварат какошто рече, ниту основните функции на обвинителството за реализација на обврските од реформската агенда не станува ниту збор и еве ќе почнам од чекор по чекор.

-Сите сте свесни дека трошоците на Обвинителството по основ на вештачења минатата година значително се зголемија. За предметот Онкологија изработени две обемни скапи вештачања во странство. Трагедијата во Кочани сите трошоци за анализа за обемниот доказен материјал, за обдукции, за истражни дејствија, за сложени мултиинституционални вештачења се паднати на товар на Обвинителството и во најава се уште неколку предмети, во кои поради недостиг на стручни лица, вештачењата ќе треба да се бараат во странство, а странските институции веќе бараат претходни гаранции дека стработеното навреме ќе им биде исплатено. Тоа се некаде околу 400.000 евра вкупно за овие вештачења. Имајќи предвид дека доколку не им се плати, вештите лица нема да присуствуваат на јавните расправи, а со тоа постапката може да се загрози, рече Коцевски.

Што се однесува за кадровската екипарност на Јавното обвинителство, Коцевски посочи дека ситуацијата е полоша од минатата година, бидејќи се соочуваат со голем одлив на кадар, којшто не можат да го надоместат, бидејќи како што рече Коцевски, немаат согласност од Министерството за финансии за вработување на ниту едно вработување и тоа трета година по ред.

-Иако екипираноста на Обвинителство е една од обврските и од реформската агенда, особено зајакнување на капацитетите на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, неповлекувањето на пари од Планот за раст по овој основ не може да падне на товар на Јавното обвинителство. Ние, во континуитет бараме вработување и пари за исплата на законски предвидените додатоци, за мотивирање на јавно обвинителската служба. Но и тоа не ни се одобрува. Во однос на вработувањата морам да истакнам еден факт во текот на денешниот ден и до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до ОЈО за организиран криминал и корупција се доставени дописи во кои се известува за заклучок од седница на Владата, во кој се наведува дека во буџетот на Јавното обвинителство има фискален простор за вработувања предвидени како обврска од реформската агенда. Но, дека Обвинителството не доставило годишен План за вработување за 2025 година, рече Коцевски.

Тој забележа дека  овој заклучок е превид и е неточна информација од Министерството за финансии, имајќи предвид, како што вели, дека Јавното обвинителство за 2025 година согласно законските рокови доставило таков план во 2024.

-Финансии со допис ни одговори дека имајќи ја во предвид целта за оптимизирање на јавната администрација, не ни дава согласност за годишниот План за вработување за 2025 година, односно во целост ни го одби, рече Коцевски.

Тој истакна дека буџетот не им дозволува да ги реализираат и обврските за плати, согласно актуелниот Колективен договор, со што ќе бидат соочени со тужби.

-Јавното обвинителство е единствената државна институција која не добила речиси никакви средства за јакнење на институционалната доверба и активности со кои ќе ја зголеми транспарентноста, а токму за ова од нас постојано се бараат резултати. Особено критично е прашањето за дигитализацијата, рече Коцевски.

Посочи дека преку фондовите од ЕУ се обезбедени преку шест милиони евра за дигитализација, опремување и системи за неколку важни државни институции, од кои конкретно за Јавното обвинителство се обезбедени пари за нов систем за електронско управување на предметите, кој ќе го замени стариот нефукционален систем.

-Условот беше кофинансирање од еден милион евра од државата, пари кои не се предвидени ниту со овој ребалнс и со што ризикуваме да пропадне меѓународниот тендер и да ги изгубиме парите од ИПА, рече Коцевски.

Забележа дека Албанија има вкупен буџет од 8,4 милјарди евра од кои 34 милиони евра се за обвинителството, а тоа е над 0,4 отсто, исто и во Црна Гора која има буџет од 3,2 милјарди евра, а за обвинителството издвојува 14,5 милиони евра или како што рече Коцевски тоа е 0,45 отсто. Србија која има буџет од 27 милјарди евра од нив 95,2 милиони евра се издвојуваат на обвинителството.

Републичкиот Јавен обвинител истакна дека секој вложен денар во правда не е залуден, а како што рече, правдата треба да биде врвен приоритет, но не само декларативно, туку треба да се гледа и преку алокација на ресурсите.

-Обвинителството во моментов вложува максимални напори со ограничените средства, да оствари ефикасен кривичен прогон. Резултатите од нашата работа се мерливи, минатата година имаме раст на бројот на постапките за околу 10 проценти, а оваа година трендот до овој момент е повторно нагоре. Постапуваме по сложени предмети од кои исходот го чека целата јавност, вели Коцевски.

Тој заклучи дека без ресурси борбата против организираниот криминал е нерамноправна.

По неговото обраќање на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет продлжи расправата за предложениот ребаланс.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Kоцевски .париребалансот

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk