Фудбалската ѕвезда на Ливерпул, Диого Жота, загина во сообраќајна несреќа во Шпанија со својот помлад брат, соопшти Португалската фудбалска федерација (FPF), пренесува Си-Ен-Ен.
28-годишниот Жота, кој ја освои титулата во Премиер лигата со Ливерпул минатата сезона и играше за репрезентацијата на Португалија, се ожени со Руте Кардосо пред само две недели. Двојката има три деца заедно.
Несреќата се случила во близина на Замора во северозападна Шпанија. Братот на Жота, Андре Силва, исто така загина, според FPF. Силва, 26, играше за Пенафиел во втората лига на португалскиот фудбал.
„Португалската фудбалска федерација и целиот португалски фудбал се целосно скршени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андрес Силва утрово во Шпанија“, се вели во соопштението на федерацијата.
„Многу повеќе од фантастичен играч со речиси 50 настапи за националниот тим, Диого Жото беше извонредна личност, почитувана од колегите и противниците, некој со заразна радост и референца во сопствената заедница.“
Жота одигра 49 настапи за португалската репрезентација, освојувајќи ја Лигата на нации на УЕФА во 2019 и 2025 година.
Ј. Ѓ.