ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025 07:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Генерирано со ВИ

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет.

– Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, при што двајцата лидери разговараа за можен прекин на огнот во Газа и долгорочен мировен договор.

Третата посета на Нетанјаху во Вашингтон откако Трамп се врати во Белата куќа се случува во клучен момент. Американскиот претседател се надева да ја искористи инерцијата по неодамнешниот прекин на огнот меѓу Израел и Иран, по 12-дневната војна.

– Не мислам дека има блокада, работите одат добро, изјави Трамп пред новинарите пред почетокот на официјалната вечера со Нетанјаху.
Тој додаде дека е убеден оти Хамас е подготвен на прекин на огнот и дека сака средба.

„Тие (Хамас) сакаат состанок и сакаат прекин на огнот, рече Трамп на почетокот на официјалната вечера во Белата куќа со израелскиот премиер. На прашање од новинарите дали непотврдени извештаи за израелски жртви во северна Газа ќе влијаат врз преговорите, Трамп одговори: „Не мислам така“.

Специјалниот американски пратеник, Стив Виткоф, кој исто така присуствуваше на вечерата, изјави дека постои можност за брзо постигнување договор во рамките на индиректните преговори за примирје и ослободување на заложниците.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека Виткоф „има намера да отпатува во Доха подоцна оваа недела“ за да учествува во преговорите.  Левит посочи дека главен приоритет на САД на Блискиот Исток е крај на војната во Газа и ослободување на сите заложници. Таа ги пофали Катар и Египет како „исклучително корисни партнери во медијацијата за мир и ставање крај на конфликтот еднаш засекогаш“.

Преговорите во Доха, посредувани од Катар, Египет и САД, се фокусираат на 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Според предлогот, треба да запрат непријателствата во Газа најмалку 60 дена, постепено да се ослободат 10 израелски заложници, а да се вратат и посмртните останки на загинатите заложници. Во замена, Израел би ослободил голем број палестински затвореници.
За време на примирјето, страните би преговарале за долгорочен крај на војната.

Нетанјаху повторно ја отфрли можноста за создавање палестинска држава, истакнувајќи дека Израел „засекогаш ќе го задржи контролниот механизам за безбедност во Газа“.

– Луѓето нема повеќе да кажуваат: ‘Дајте им уште една држава’. Тоа би бил полигон за уништување на Израел, додаде тој.

 

Tags: НетанјахуНобелова награда за мирТрамп
Next Post

Разговори за еднаквост на КСЗД на тема „Право на домување на Ромите“

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk