Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја повика претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка, откако Судот на правдата на Европската унија на 14 мај ја прогласи Фон дер Лајен одговорна за прикривање информации за договори за снабдување со вакцини.
Орбан го објави тоа на социјалната мрежа X со фотографија стилизирана како насловна страница на списанието „Тајм“, посветена на повлекувањето на поранешниот американски претседател Џо Бајден од изборната трка во 2024 година, со слика од Фон дер Лајен и текст „Време е да си одиме“.
Time to go. pic.twitter.com/utLYFKQz6b
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 9, 2025
Неговиот повик доаѓа откако повеќе од 70 членови на Европскиот парламент на 27 јуни ја поддржаа иницијативата за гласање недоверба на Фон дер Лајен.
Европратениците го разгледаа овој предлог во понеделникот, а за него треба да гласаат утре.