ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Пожари беснеат низ целата држава, власта тешко се справува со ситуацијата, Грција испраќа два канадера

July 9, 2025 19:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На подрачјето на Град Скопје активни се пет пожари, информира Центарот за управување со кризи.

ЦУК денеска во 17 часот информира дека се уште е активен и пожарот на депонијата во Визбегово, во Општина Шуто Оризари, а гори и ниска вегетација кај Црквата „Св. Никита“ во Општина Чучер Сандево.

Активен е и пожарот кај Станковец, кон Бензинската пумпа Дизел, пожарот во Волково, во Општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација и пожар во Катланово, Општина Петровец, каде гори сува трева.

На територијата на државата до 13 часот имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои десет активни.

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни и возила од општината.

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.

Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, како што претходно објави МИА, преку Фејсбук порача дека „потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ“.

Фото: МИА

Пронајдено починато лице во близина на пожар во кривопаланечко Лозаново.

Полициски службеници на ОВР Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко, соопштија од МВР.

Во присуство на јавен обвинител се врши увид и се очекува подоцна да бидат соопштени причините за смртта на настраданиот.

Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.

– Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави е дека неколку куќи во селото Градец се изгорени, информира командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, од терен кај пожарите упати апел до сите граѓани што се во можност, до месното население, да помогнат во гаснењето.

-Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани.  Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново, мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите. Секоја помош е од непроценливо значење и секој човек значи разлика. Ова е момент за единство, солидарност и хуманост.  Да се мобилизираме како заедница  за заштита на нашите домови и природа, напиша на својот Фејсбук профил Митовски.

Куманово во чад, неколку пожари на различни локации.

Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово. Градот е обвиткан во чад и се чуствува мирис. Речиси сите екипи на територијалната противпожарна единица се на терен.

– Постојано имаме пријави за пожари, Табановце, Четирце, месноста „Палестина“, „Ѓуро Пуцар Стари“, Горно Којнаре, Романовце, во село Младо Нагоричане пративме две екипи. Повикуваме луѓе од дома, изјави командиро на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Силниот ветер во значителна мера го отежнува гасењето на пожарите.

Фото: Скриншот

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово.

Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи.

Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош.

– Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош, стои во информацијата од МВР.

Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари и возила од Комунална хигиена, вклучени се и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, информираат од нејзиниот Кабинет.

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.

Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.

-Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова.

Спасовски побара Гаши да свика ад хок координација за состојбата со пожарите.

Седницата за опозициски прашања  во Собранието попладнево е повторно прекината со еден час пауза, овојпат на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој побара во законодавниот дом да дојде претседателот Африм Гаши и да се свика ад хок координација за состојбата со пожарите.

-Барам веднаш Африм Гаши да се врати и да свика ад хок координација и да видиме како може Собранието да помогне во оваа ситуација, рече Спасовски. Додаде дека  во оваа кризна ситуација, во која, рече, во пожарот има и жртва во Крива Паланка, Парламентот треба да има поголема одговорност.

Спасовски реагираше процедурално откако пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска постави три прашања до министерот за социјална политика, демографија и млади, кој не присуствуваше на седницата исто како ни неговиот заменик.

Координаторот на СДСМ рече дека не е првпат на овие седници за опозициски прашања да се присутни „еден до тројца од 24-те министри во Владата“.

-Деловничките норми не се само за на хартија, некој треба да ги почитува. Министрите во Владата треба да бидат поодговорни зашто се избрани од пратениците, а непочитување на пратениците е непочитување и на граѓаните, рече Спасовски.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска даде пауза до 18.40 часот. Му одговори дека ќе реагираат писмено до Владата, но му укажа на Спасовски дека согласно член 42 од Деловникот, должни да присуствуваат на овие седници се само министрите или нивните заменици за кои се најавени прашања од опозициски пратеници.

Пратеничката Јованка Тренчевска постави три прашања – за негрижа кон штитениците во Завод за рехабилитација Бања Банско и во Специјален завод Демир Капија – каде што, рече, имало непријавен инцидент на вработен врз штитеник. Таа праша  и за проблеми во финансирањето на инвалидските организации за кои буџетот е помал за 21 милион денари во споредба со 2024 година.

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Во земјава Владата вчера прогласи кризна состојба од 30 дена на ниво на цела држава поради пожарите.

Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.

– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.

Поради состојбата со пожарите во земјава, вечерва во Владата ќе заседава кризниот штаб, со кој ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Македонијапожари

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk