ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Tруење со храна на 38 работници во прилепска фабрика, Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

July 9, 2025 14:58
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што не заврши фатално, се случила на крајот на мај, а Центарот за јавно здравје дознал од анонимна дојава по шест дена што оневозможило да се пронајде изворот на масовното труење. Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во јуни имало и пет единечни труења кај граѓани.

Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје го објаснува случајот на труење на работниците од третата смена во прилепската фабрика во два часот изутрината на 28 мај кога при оброкот се затруле 38 од 75-те работници. Кај дел однив имало потешки симптоми со висока температура, гадење, повраќање, кај другите болки во стомакот, нагон за повраќање. Но сите се излекувани. Се затруле од храната која доставувачот ја донел во тетата смена.

-За епидемијата дознавме по анонимна дојава упатена во Институтот за јавно здравје кој нѐ извести нас, но со задоцнување, на 4 јуни. Иако, дел од заболените, уште истиот ден, на 28 мај и во наредните два дена побарале лекарска помош кај своите матични лекари, дел во инфективното одделение или во Итната медицинска помош. Во нашата служба немаше пристигнато ниту една пријава за труење со храна или на зголемен број на ентероколити, односно проливи. По дојавата беа известени санитарниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. Веднаш се побара список на сите вработени во фабриката кои конзумирале храна. Извршен беше увод во објектот каде се случило труењето и објектот, добавувач, местото каде се приготвувала храната. Во епидемијата, според нашите епидемиолошки податоци, заболеле 38 од 75 вработници, го објаснува случајот Мургоска Станимировиќ.

Бидејќи било доцна, не можел да се пронајде изворот на заразата во објектот на доставувачот, но се знае дека заболените ја имале бактеријата салмонела.

-Земени се примероци од столица и најдена е бактеријата салмонела ентеритидис, чест предизвикувач на труење со храна, особено во летните месеци. Со оглед на тоа што епидемиолошкото испитување започна со задоцнување од 6 дена, направени беа увиди во објектот за подготовка на храна, но не можеше да се открие изворот. Но се констатира дека за подготовка на храна секогаш се користат свежи продукти. Иако изворот не е откриен со сигурност може да се каже дека причинител на труењето  пронајдената бактерија салмонела во изметот кај заболените, изјави Мургоска Станимировиќ.

Во текот на јуни, во прилепскиот центар за јавно здравје имало пријавено и пет индивидуални случаи на труење со храна, а причинител да биде бактеријата салмонела.

-За жал, кај поединечните труења, тешко е да се открие извборот на зараза.

До изолирањето на причинителот, и самите заболени не може да се сетат што консумирале пред неколку дена, вели Мургоска Станимировиќ.

Салмонелата е бактерија која најчесто ја има во продукти од животинско потекло- месо, јајца, млечни производи. Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ со препорака за термичка обработка на краната и да не се чува на собна температура.

-Мора да има добра термичка обвработка, посебно во овиел летни месецви кога може да настане труење. Освен тоа, да не се чува на собна температура, туку во разладни уреди. Салмонелата може да ја има и примарно во животните, објаснува Мургоска Станимировиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Прилепработницитруење со храна
Next Post
Фото: ЗНМ

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk