ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите и ќе се откријат злоупотребите со одобренијата

July 10, 2025 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а посебно, како што рече, оние кои имаат одобрение за  реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти.  Со тоа, вели, ќе се извадат на површина лицата блиски до партии од претходната Влада кои правеле такви злоупотреби.

Според Мицкоски, додека опозицијата ликувала за оваа состојба, Владата се борела да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период за примена на препораките, што за жал претходата влада не ги почнала, а се однесуваат за период од 2017 до март 2024 година.

– Тоа е уште една лоша работа која се случуваше во минатото во време на СДСМ. Ги гледав тие прес-конференции и пораки кои доаѓаа од Бихачка и молчев, не сакаве да реагирам, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа ние се боревме во жестока дипоматска офанзива да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период со што би почнал со имплементирање на препораките кои за жал претходната Влада не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до партиите од претходната Влада продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поедици блиски во претходната влада. Па така некои од одобренија за реконструкции прават нови згради да рчеме во центарот на Охрид, изјави Мицкоски, по  присуство на на настан по повод 80 години јубилеј на републичкиот Црвен крст.

Премиерот потенцираше дека препораката од Извештајот се однесуваше за периодот од 2017 година до март 2024.

– Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнител период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. За таа цел Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која овие дивоградби посебно во Охрид, а посебно оние кои имаат одобрение за  реконструкција а прераснуават во станбени објекти ќе бидат срушени. И со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои ги злоупотребуваат, а не треба на јавноста да и кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, наведе Мицкоски.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Со тоа, Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.

Tags: МицкоскиОхридУНЕСКО
Next Post

Ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина на конференцијата во Рим

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk