По 14 години работа на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“, потврди сараевскиот портал Кликс.
Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн чие седиште е во Сараево од 2011 година.
„Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.
Телевизијата беше препознатлива по своите документарни емисии, а емитуваше програма на јазик кој не беше ниту арапски, ниту англиски – што беше исклучок во рамките на мрежата на „Ал Џезира“.
Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини.