ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Будејќи се едно утро, лавот забележал дека поради биофизиолошки дејствија во текот на ноќта, од задникот му израснала друга глава.

Глава на глушец.

Бугарски.

Гледајќи го тоа македонскиот лав ја загубил главата и не можел да утврди која од тие глави е неговата вистинска глава.

Почнал да хистеризира, малку од избезуменост, повеќе за публиката, да вреска и да ја обвинува Европа, па потоа опозицијата, па Бугарија, ДУИ и Османи, Филипче за пожарите, Пиколомини за Кочани, демек, Театар Комедија, но некаде околу пладне се појавил поет кој му рекол дека сè уште е оној стариот од вчера.

Лавот се смирил и рекол дека повеќе никогаш нема да спие.

Да пие и да лаже.

Не му верувам.

Проблемот е во тоа што лавот со две глави е подобар од лавот со една глава.

Со едната ќе и ја скине утробата на Македонија, а со главата на бугарското глувче како плус, нема да може да се реши дали да јаде живо македонско месо или урда од таквото на Македонецот.

Дали забележувате колку бргу се намали артизмот на нашите животи откако вмро почна да чепка по идентитетот на нацијата.

Не само артизмот, туку и целата нација се смали.

Не можете да не ја забележите таа драстика

Македонците се претворија во глуварче кое ја загуби својата втемеленост, го загуби контактот со почвата, односно со стварноста, во крајна линија со себе и следејќи ги хистеричните бранови на вмро, отиде да бара извештај или некој друг документ во кој светот повторно, по милионити пат, ќе ги внесе основните податоци за нејзиното постоење.

Па, Европа е Македонија и Македонија е Европа, бе!

Какви “папири”-какви бакрачи!

Документот дека постоиш само значи дека може да се произведе и документ дека не постоиш или дека постоиш, ама со друга историја на болеста.

Орањето на вмро по националното прашање направи нацијата да виси над бездната, а да не се знае на што виси конецот на кој таа виси.

Вмро, всушност, отиде по потврда за тоа дека македонскиот јазик и идентитет се произведени како бардак на грнчарското колце на македонските комунисти.

Што не е лага.

Комунистите сигурно имале етнички основи, но ние сме, во суштина, гринд филд нација.

Млада нација.

Не знам зошто тоа се прифаќа како нешто лошо.

Од појавата на вмро нацијата не прави ништо друго освен што тој подвиг се труди да го прикаже како капитална грешка.

Тоа беше поентата и на Извештајот со јазикот (модерен, стар, мртов, сеедно) и на Извештајот без јазикот.

Ние кои сме родени во антифашистичката гинекологија на Европа и во чие крило и дом сме формирани и развиени како модерен феномен, ние дозволивме една банда простаци да нè извадат од тој фантастичен синеплекс и со него да не конфронтираме како со најголем непријател!

Таа банда сами ја одбравме за историска легитимација и тоа е капиталната и веројатно фатална грешка,

Од сето ништо сме се фатиле за најсмрдливото говно.

Ало, Македонче!

Македонецот се истопи во слободата како коцка шеќер која од бродот паднала во океанот.

Всушност некој и помогна да падне.

Како што на руските олигарси им помагаат да паднат од џам.

Кој?

Сонував како министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека сите траги водат кон вмро и дека „за топењето на македонската коцка шеќер, секој еден ќе одговара”.

Јас исто така мислам дека „секој еден ѕвер ќе одговара”.

Истрагата е во тек.

Јавниот обвинител веќе нурка во океанот за да провери колку е слатка водата.

И дали има траги од комитска чоја.

Влакна од брадата на Кикифрики.

Или од главата на Орце!

Хахаха!

Секоја критика на претходната власт мора да биде поврзана со изгледите на совеста кои не се повлекуваат пред вистината.

Дали се разбираме, Панче?

Кој од вас би се одлучил на тоа.

Никој.

Или ти, сепак, ќе се решиш на тој самоубиствен, но достоен чин.

Хахаха!

Ако околу нас се се менува како само ние да останеме со ненарушен идентитет. Како со таква непроменетост да се вклопиме во сегашното време. Со Кузман

Шапкарев да играме на Вимблдон. Па и Новак Ѓоковиќ ќе не победи.

Во врска со почетната приказна за двете глави и за новата фаза на судирот што Мицко ја освежил со констатацијата дека некој бугарски министер е глушец, а тој лав, слободен сум да го пренесам сопствениот коментар:

„Не се возбудувајте, се е така како што е напишано во сценариото!

Сите имаат свои реплики и термини кога и по какви поводи ги изговараат. Договорот е ова да трае до последниот Македонец. После следи шпицата со имињата на продуцентите, на тон мајсторите, на мајсторите на фотографијата, кастингот, главните улоги, па благодарност до најзаслужните, особено до глупаците кои се палеа на антибугарска основа и “The End”. За Македонија, нормално.”


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко Тричковскинацијанационално прашање
Next Post
Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk