ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Фронт 21/42 за одлуката на УНЕСКО: Политички „спас“ за Охридското наследство, додека на терен владеат криминал и корупција

July 14, 2025 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Охрид. Фото: Фронтлајн

Охрид. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во неделата кога се славеше уште едно наводно „спасување“ на Охридскиот Регион од листата на светски наследства во опасност, граѓанската организација Фронт 21/42 предупредува дека зад оваа политичка победа стои реален и опасен пораз – продолжување на уништувањето на нашето највредно природно и културно наследство.

„Во текот на изминатата седмица нашето единствено природно и културно светско наследство по трет пат беше ‘спасено’ од страна на политичарите“, стои во нивната анализа. „Исто како и два пати претходно, актуелните домашни политичари успешно излобираа политичарите во Комитетот за светско наследство да ја игнорираат проценката на состојбата направена од страна на експертите врз основа на директен увид на терен.“

Фронт 21/42 остро ја критикува реториката на „спасителите“ од власта и „загрижените“ од опозицијата, велејќи дека „за нив функцијата на најголемото природно и културно богатство на земјата е да го обели имиџот на нивната партија и оцрни оној на противниците“.

Организацијата потсетува дека и претходните „решителни акции за спас“ не довеле до реални резултати, туку само продуцирале нови документи, повторно со исти мерки и нови рокови кои никој не ги исполнува.

Во однос на последната одлука на Комитетот, се наведува:
„Нашата држава (и Албанија) нема ништо против да изработи Посакувана состојба на зачуваност и да усвои сет на корективни мерки – востановен механизам за светските наследства во опасност. Тоа што нашите политичари се изборија да не се оствари е мониторинг врз реалното спроведување на овие мерки, како и пристап до финансии за истите, но финансии кои подлежат на редовни извештаи со докази и контроли.“

Фронт 21/42 реагира и на изјавата на премиерот околу дивоградбите, посочувајќи дека „не ги спомена дивоградбите во Студенчишко блато, ниту хотелот кој се гради на ридот во Горица – градби кои УНЕСКО втора година по ред посебно ги истакнува во одлуките.“

„Да нема никаква заблуда“, нагласуваат од организацијата, „се додека не се отстрани хотелскиот комплекс во Горица, во земјата не владее правото, туку криминалот и корупцијата, заштитени од сите одговорни општински и државни институции.“

Во реакцијата се посочуваат и низа други проблеми – од легализација на дивоградби, лов на пастрмка, до присуството на конструкции во езерото како Куба Либре, платформите во Св. Наум, Канео и други.

„Автентичните вредности и интегритетот на нашето единствено природно и културно светско наследство се на раб на конечно исчезнување. Не смееме да дозволиме ‘спасителите’, кои трет пат по ред ‘купија’ уште една година за да го спасат имиџот на партијата и да ги заштитат разните зделки, неповратно да ги обезличат и избришат овие вредности“, предупредува Фронт 21/42.

„Сите ние сме одговорни пред нашите и идните генерации во целиот свет“, порачуваат од организацијата.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на расправа на 10 јули донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Ј. Ѓ.

Tags: „Фронт 21/42“ОхридУНЕСКО
Next Post

Во Берлин започна судењето на германски лекар обвинет за убиство на 15 пациенти

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk