ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Обраќање на претседателот Володомир Зеленски по повод Денот на Украинската Државност

July 15, 2025 15:33
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод денот на Украинската државност, украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата со видео порака.

Обраќањето на Зеленски ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани Украинци!  

На 15 јули, одбележуваме важен ден. Денот на нашата Државност. Денот на крштавањето на Кијивска Рус-Украина. Овој ден е за поврзување. За секоја фаза од нашата државност и за врската што обединува десетици генерации: оние кои жевееле на оваа земја пред илјада години и оние кои живеат тука денес. Мост низ времето, стоејќи на три непоколебливи столбови: Украинците беа тука, Украинците се тука,  

Украинците ќе бидат тука. И на оваа земја, животот секогаш триумфира. Вредностите и нашиот карактер преовладуваат – најдоброто во нашиот народ, кој, и покрај војна, солзи и болка, ја сочува својата хуманост и кој се штити еден со друг, што значи ја штити својата држава. И ова е докажано со илјадници наши судбини, илјадници наши приказни за тоа низ што сме поминале, за тоа што носи секое срце, кој и да сте: воин, учител, музичар, инженер за беспилотни летала, или претседател. Ова се приказни за нашите денови, ноќи и утра.  

Од ноќта на контактната линија, опишана од еден војник: „Тие притискаат. Нагрнуват од сите страни. Ние се држиме. И вие – држете се исто така. Ги читаме вестите за гранатирањето на мирните градови. Што можам да кажам… ова е војна која го погодува секој од нас. И нека Бог ни даде мир на сите нас.“  

И оваа објава, доцна во ноќта во метрото, ја чита една млада мајка која ја држи својата мала ќерка. И малото девојчето гледа наоколу толку внимателно, како да се обидува да го запамети сето тоа, за еден ден да им раскаже на своите деца за овие ноќи во метрото, за овој врв на човечкиот дух.  

Кога еден дедо надувува душек за неговите три внуци, нежно ги покрива со ќебе и слуша: „Дедо, а цртан филм?“. И додека го зема таблетот, тој вели: „Секако, Козаци, како може да го прескокнеме цртаниот филм?“. И недалеку, луѓе се сместуваат блиску еден до друг во вреќи за спиење на тврд под, но со исто толку цврста внатрешна решителност: решителност да се надмине оваа ноќ.

И на ноќи како оваа – на перони, на паркинзи, засолништа, коридори и бањи– екраните на телефоните трепкаат со десетици предупредувања: „Доаѓаат.“ „Воздушната одбрана е на дело.“ „Останете во засолништа.“ И ние остануваме – за да може да останеме Украинци, во нашата сопствена држава, на нашата земја. За да може да го видиме изгрејсонцето и, покрај сé, да си кажеме еден на друг: „Добро утро!“

И секогаш имаме верба дека овој момент ќе дојде. Како и што отсекогаш било – низ вековите, во Рус, кај Сич, во секоја ера. Без разлика кој бил непријателот или од каде дошол, ниту една непријателска сила никогаш не преживеала на оваа земја, ниту се вкоренила тука.

И Украина опстојува. Таа останува она што е. И утрото секогаш доаѓа. И иако можеби сакате да спиете малку подолго, наоѓате сила да станете. Им праќате порака на своите најблиски и сте среќни што знаете дека сé е во ред. Читате друга објава од истиот воин: „Нападот е одбиен! Имаме неколку часа да се опуштиме“. А некој друг пишува: „Итно ни требаат неколку работи…“ Учествувате во акцијата за собирање средства и излегувате надвор. И тоа утро, шетајќи низ градот, вашиот град, ги гледате луѓе околу вас. Гледате лица и очи кои, и покрај сé, се сé уште живи.  

Гледате како кафулињата се отвораат и покрај сé, како сообраќајот се одвива и покрај сé. И разбирате: државата е нејзиниот народ – нивната сила, отпорност, искреност, нивната светлина. На автобуските станици, во сообраќајниот метеж, во утринскиот ред за кафе, кога сите малку забавуваат бидејќи спиеле само неколку часа. Но, сите го знаат ова и се однесуваат кон оние околу нив со такво разбирање и топлина. Нивните сограѓани Украинци, кои издржале 1.238 дена.  

И секој од тие денови, ги надминуваме заедно. Обединети – преку акција, преку помош, преку поддршка, преку меѓусебно воздигнување – и, секако, преку споделување насмевка. Понекогаш, затоа што не можеме без тоа. И кога жените од општинските служби засадуваат цвеќиња во паркот, ги слушате како велат: „Нека се задави таа ‘руснија’ — тука е лето и сé мора да биде убаво!“ И секоја таква ноќ е ноќ на отпорност, секое такво утро е утро на единство, кога животот сепак победува, тие откриваат кои сме навистина. Често слушаме од партнерите, „Како вашиот народ успева во тоа? Таква цврстина, таква издржливост, таков внатрешен челик…“ Тие велат, „Тоа е феномен на украинскиот народ.“ Да, тоа се љубезни зборови.  

Меѓутоа, денес, Украинците не се држат поради тоа, не поради гласните признанијата упатени кон нас. Ние сме едноставно луѓе кои го бранат својот дом. И не можеме поинаку – бидејќи не сакаме поинаку. Не ја сакаме Русија тука. Тоа е целата вистина. И сето она што Украина го преживува секој ден не е рутина. Тоа е голема кауза, што ја носите вие. Хероите на фронтот.  

Оние кои ја држат линијата. Оние кои ги пресретнуваат проектилите и „шахедите“ секоја ноќ. Оние кои ги гаснат пожарите, кои ги расчистуваат урнатините. И секој граѓанин кој издржал во текот на ова тешко време. Ви благодарам. Милиони Украинци. Милиони ликови, кои заедно ја формираат нашата држава. Нашата нација, нашата историја и нашиот пат од крштавањето на Рус–Украина до денес. 

До Денот на нашата Државност– и до мудроста на секоја генерација што ни помага да издржиме, да веруваме во себе, да веруваме во Украина и да веруваме дека ќе успееме. Затоа што Украинците беа тука, Украинците се тука, Украинците ќе бидат тука. 

Среќен Ден на Државноста, сограѓани!  

Среќен Ден на крштавањето на Рус–Украина!  

Слава на Украина! 

Превод: Н. Цветковска  

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Зеленски

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk