Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја назначи Јулија Свириденко за нова премиерка на Украина, додека долгогодишниот актуелен министер Денис Шмихал го премести на функцијата министер за одбрана.
Тоа ја зголемува веројатноста Рустем Умеров – сегашниот министер за одбрана – да стане украински амбасадор во Вашингтон, пишува Гардијан.
Зеленски рече дека сака Свириденко (39), економист, да ја води владата и „значително да ја обнови нејзината работа“; додека „огромното искуство“ на Шмихал би било „вредно на позицијата министер за одбрана на Украина. Токму ова е областа каде што моментално се концентрирани максималните ресурси, максималните задачи и големата одговорност на земјата“.
Според Гардијан, Свириденко објави дека ќе се залага за дерегулација, намалување на бирократијата, заштита на бизнисот и намалување на некритичните трошоци за да се постигне „целосна концентрација на државни ресурси“ за одбрана и повоено закрепнување.
„Државниот апарат нема право да ги троши ресурсите и потенцијалот на нашата земја“, рече таа. „Украина заслужува да биде меѓу најсилните економии во Европа“. Номинациите бараат парламентарно одобрување, посочи Свириденко.
Д. Т. / Цивил Медиа