Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Тешко е за човек да се соземе од бес и гнев кога ќе го прочита сведоштвото на родителите на загинатите деца во трагедијата Кочани за нивната средба со премиерот и претставници на Владата.
Моралот и човечноста на премиерот очигледно се изгубени некаде меѓу политичките интереси и неговите пресметки за рејтинзи.
СДСМ најостро го осудува нечовечкиот однос на Владата кон семејствата на жртвите.
Болката на овие луѓе не се мери со пари.
Болката на овие луѓе е одговорност на сите нас како општество, а најмногу на оној што седи на чело на државата.
Мицкоски е должен не само извинување, туку и одговорност за ваквото однесување. Ова не е прашање на политички поени, ова е прашање на минимум човечко достоинство кое тој го погазил.
Човечноста не се мери во изборни резултати.
Народот не живее од вашата опсесија со рејтинзи и анкети.
Мицкоски, покажете барем трошка емпатија, сочувство и сожалување.
Ако немате, побарајте во вашето опкружување, сигурно ќе најдете барем некој што сака да покаже минимум човечност и пристојност кон родителите.
Овие родители најсурово ги казнила судбината, но тоа не значи и дека сега треба да продолжи да ги казнува и државата.