ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата по рекцијата од родителите на загинатите во Кочани: Злоупотребата на болката не носи правда

July 18, 2025 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

– Не се точни наводите пренесени во дел од медиумите за состанокот со роднините на загинатите од кочанската трагедија. Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотребување на трагичната судбина, реагираат од Владата на соопштението од Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Претходно Родителите на загинатите деца, јавно се огласија по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, која се одржа на 7 јули во Владата.

Во своето обраќање на социјалните мрежи, Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ остро реагира на начинот на кој биле третирани и на содржината на средбата, опишувајќи го доживеаното како навреда и манипулација.

Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

„Наместо барем еден човечки збор, искрено сочувство, бевме пречекани со површен поздрав: ‘Здраво, како сте?’ – зборови кои не можат да ја допрат болката на родител кој изгубил дете,“ се наведува во соопштението.

Родителите посочуваат дека нивното барање било испратено уште на 1 јули до премиерот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши. Додека од последните двајца не добиле никаков одговор, од Кабинетот на премиерот биле телефонски контактирани на 3 јули, со закажување на состанокот четири дена подоцна.

Иако инсистирале состанокот да се одржи во Кочани, им било речено дека „безбедносните услови не го дозволуваат тоа“. Родителите, и покрај болката и жештините, заминале за Скопје.

„На средбата присуствуваа околу 60 родители. За повеќето, ова беше прва лична средба со премиерот. Очекувавме разбирање. Наместо тоа, слушнавме: ‘Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“

Овој коментар, како што наведуваат родителите, бил изговорен од премиерот Мицкоски во одговор на првата точка од нивното барање – односно предлогот за еднократна парична помош за погодените семејства преку Фонд за итна поддршка.

Од Владата нагласуваат дека – Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив дури и кога за некои работи ќе имаат различни мислења, соопшти попладнево владината прес-служба.

„Ова писмо од родителите и роднините е потсетник дека мора да се решаваат проблемите и да се демонстрира волја и одлучност да се помогне уште повеќе и уште подецидно.

Владата жали за впечатокот кој некои го добиле, но тие средби досега не се ни први, а ни последни и апелираме да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство. Тоа беше втора средба со семејствата и ние би потсетиле дека премиерот за време на средбата од почетокот и до крајот разговараше и се поздрави изразувајќи сочувство со сите присутни поединечно и низа други гестови и иницијативи и работи кои од етички и човечки причини навистина не сакаме да бидат предмет на јавна дискусија затоа што се интимни и длабоко приватни и ние тоа сакаме да го почитуваме.

Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на намерите и постапките на Владата, определувајќи ги како длабоко нечовечни што е несоодветно и неточно.

Истовремено, изразувајќи длабока тага за трагедијата, сочувство и поддршка за семејствата, упатуваме на тоа дека оваа трагедија, овој трагичен и ужасен настан, е болка не само за семејствата, но и за целата држава и нема некој кој не го мисли и чувствува тоа.

Владата ќе биде секогаш тука за семејствата и што се однесува до нашиот ангажман и тоа што зависи од нас, ќе се трудиме правда да има, и ќе се бориме утеха некаква ако може да се најде, и секогаш ќе бидеме потпора на семејствата, во нивните потреби, барања и предизвици. Затоа што ова е и наша болка и тага, и тие не се мерат и споредуваат, туку се докажуваат со дела кои ние ги правиме и планираме да ги правиме.

Апелираме да не се злоупотребуваат овие настани и моменти, да не се суди врз база на гнев и тенденција, а владата секогаш ќе биде тука за семејствата и колку што може – максимално ќе им помага во барањата кои се рационални и врз основа на закон и ингеренции, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Поврзано: 

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владатрагедија Кочани

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk