ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025 22:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Петнаесети Марш за ангелите се одржа вечерва во Кочани, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица.  Маршот стартуваше од Паркот на Револуцијата и продолжи кај кафуле „Класик“ во Трговскиот центар, општинската зграда, Полицијата и Основниот суд.

Родителите чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава, ги исвиркаа институциите покрај кои поминаа, како што велат, револтирани од нивниот однос и затоа што ги сметаат одговорни за несреќата. Од пред Основниот суд во Кочани порачаа дека со протестните маршеви ќе продолжат и понатаму и оти никој не може да ги сопре да дојдат до вистината за нивните деца. Од меѓународната заедница, пак, побараа активно да го следи судскиот процес кога ќе започне. Тоа, според нив, е еден од начините правдата да биде задоволена.

Дел од нивните пораки беа дека се борат за правда и дека не ги интересира политика.

– Ние родителите сме од крв и месо, како што беа и нашите деца. Ние се бориме за правда, политика не не интересира. Јавноста нема зашто да не обвинува, ние не лажеме. Еден ден кога ќе се сретнеме во рајот, сакаме да им кажеме на нашите деца дека правдата е задоволена. Но, како што гледам, ништо нема да излезе на виделина. Само сакаат да не нагазат уште повеќе и да не понижат како родители. Оваа не е трагедија, туку убиство на 62 деца, рече пред Основниот суд во Кочани, рече мајка на загинато дете во пожарот  од 16 март.

Друга мајка порача дека „некој се обидува преку мртви да гради кариера“ и оти не сакаат „да се препукуваат со нив на социјалните мрежи“.

-Ние не сме партиски определени. За никого не сме. Не сакаме да се препукуваат со нас на социјалните мрежи,  да ни велат одете таму, тие ќе ви дадат пари . Нам пари не ни требаат, со пари нашите деца не можеме да ги вратиме. А, судиите право нека судат, многумина се пуштени од домашен притвор и се шетаат по улиците, а нашите деца гнијата во гробовите. И некој да не мисли дека преку нашите мртви ќе гради кариера, порача учесничката на маршот, во организација на Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“

Кривичниот суд вчера го продолжи притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката. Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.

Tags: КочаниМарш за ангелите
Next Post

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk