ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Со заедничка резолуција во ЕП ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија

July 21, 2025 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка.

Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот претседател  Румен Радев“ и неговата изјава дека единствен услов бил само промена на Уставот и вклучување на македонски граѓани кои се изјаснуваат како припадници на бугарската заедница.

-Затоа јас реков – во ред, ако е само тој услов, еве, пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарските европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно, како соседи, ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик. А потоа, во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои се однесуваат на човековите права што им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира конечно „ОМО Илинден Пирин’, за да може „ОМО Илинден Пирин“ да предложи свој претставник во Министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија. Еве, заедно ова да го направиме, како добри соседи. Ние нашата обврска, тие нивната обврска, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово.

Според премиерот, тоа е начинот „да покажеме што значи добри соседи и што значи да се поддржуваме“.

Додаде дека тоа „впрочем е дел и од Договорот за добрососедство потпишан од Заев и Борисов  во август 2017 година“.

Реакции за барањето за заедничкат резолуција со Бугарија стигнаа од академската заедница

Академик Катица Ќулавкова остро реагираше на предлогот за заедничка резолуција меѓу Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот јазик и идентитет, инициран од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Таа предупреди дека таквата иницијатива претставува загрозување на веќе стекнатиот статус на македонскиот јазик и идентитет и повика на институционална воздржаност од вакви, како што вели, политички импровизации.

Проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик, смета дека заедничка резолуција е „Потенцијална стапица под маската на европското решение“.

– Иницијативата за усвојување заедничка резолуција во Европскиот парламент со цел потврдување на македонскиот идентитет и јазик – според мене, само на прв поглед изгледа како прагматичен и умерен обид за надминување на блокадата со Бугарија. Ако се задлабочиме, ќе мора да се признае дека оваа стратегија носи значителни ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа што веќе ни е поставена и со Договорот за добрососедство и со Францускиот предлог, пишува проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисрков“

Поврзано:

Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаМицкоскирезолуција
Next Post
Скриншот

Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk