Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со министерот за економија на Република Азербејџан, Микаил Џабаров, на која разговарале за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји. На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствувал и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски.
-Претседателот Гаши изрази задоволство за денешната средба со министерот Џабаров, која се реализира многу набрзо по успешната официјална посета Делегацијата на Собранието предводена од претседателот Гаши на Република Азербејџан. Тој потенцираше дека паралелно со унапредување на соработката на економски план, Собранието ќе вложи напори за продлабочување и на соработката меѓу парламентите на двете земји, се наведува во соопштението.
Министерот Џабаров нагласил дека целта на посетата на Делегацијата што ја предводи е да се унапредат економските, трговските и инвестициски односите меѓу двете држави, поради што дел од делегацијата се и претставници од нафтениот и инвестицискиот сектор на Азербејџан.
Двајцата соговорници се согласиле дека двете држави се сојузници и затоа треба заеднички да продолжиме да инвестираме во нашата соработка и пријателство.