ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

July 24, 2025 09:27
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на земјата и влијанието на руските струи предизвикаа судир меѓу албанските партии од власта и опозицијата, кои меѓусебно се обвинуваат за оддалечување на државата од европскиот пат.

ДУИ ја обвини Владата дека промовира реторика и дејствува со проруско и проунгарско влијание, занемарувајќи ги стратешките партнерства на земјата и компромитирајќи ја нејзината позиција во интеграциските процеси.

– Додека се зборува за ‘специјални економски односи’ со Унгарија и за градење на ‘заеднички регион’ со Србија, намерно се молчи за Коридорот 8 – стратешки проект што ја поврзува Македонија со Албанија и Бугарија, двете членки на НАТО и ЕУ. Истовремено, приоритет му се дава на Коридорот 10, кој ја турка земјата кон недеклариран источен сојуз, туѓ на европските вредности и на долгорочните интереси на нашите граѓани, велат од ДУИ.

Од коалицијата ВЛЕН возвраќаат дека ДУИ нема кредибилитет да се претставува како чувар на евроатлантскиот курс на државата. Тие посочуваат на низа неразјаснети состаноци на поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, со српскиот министер за надворешни работи.

– ДУИ не може да се прикаже како бранител на евроинтеграциите кога постојат 11 документирани средби меѓу Османи и српскиот министер, без ниту една официјална посета во Косово, велат од ВЛЕН.

ВЛЕН ја обвинува ДУИ и за неуспех во реализацијата на Коридорот 8, укажувајќи дека:

„ДУИ учествуваше во изградбата на автопатите од Табановце до Гевгелија, но не изгради ниту еден километар автопат по Коридорот 8. Наместо тоа, Ахмети и Османи учествуваа на бројни ручеци, вечери и ‘пријателски прошетки’ со српскиот претседател Вучиќ. ДУИ никогаш не објасни колку пати Османи се сретнал со српскиот амбасадор во Скопје, ниту зошто овие средби не беа транспарентно објавени.“

Понатаму, ВЛЕН го посочува двојниот стандард на ДУИ во однос на регионалната соработка.

Според нив: „ДУИ ја туркаше иницијативата ‘Отворен Балкан’ како форма на интеграција со Србија, додека во целост го занемари соработката со Косово. Отвори експрес лента на границата со Србија, но не направи ништо за инфраструктурата кај Блаце, Јажинце или на преминот Ќафасан со Албанија.“

Овие обвинувања ја рефлектират сè подлабоката политичка конфронтација меѓу албанскиот политички блок во Северна Македонија, каде се гледа префрлување на вината за нарушувањето на евроатлантската ориентација на државата. ДУИ се позиционира како бранител на интеграциите, додека ВЛЕН се обидува да го разобличи тоа тврдење преку конкретни примери и обвинувања за недоследност.

ДУИ, иако сега е во опозиција, продолжува со стратегијата да се претставува како европска партија, но соопштението укажува и на појава на загриженост за новата геополитичка ориентација на Владата – особено преку блискоста со Унгарија и Србија. Се наметнува стравот дека приоритетот на Коридорот 10, во однос на Коридорот 8, симболично и практично ја оддалечува државата од Западот.

ВЛЕН, од друга страна, со офанзивна реторика, го напаѓа легитимитетот на ДУИ да говори за евроатлантизмот. Преку конкретни факти – 11 средби на Османи со српски функционери и отсуство на соработка со Косово – тие градат аргумент за лицемерие. Во суштина, ВЛЕН сака да покаже дека токму ДУИ го отворил патот за проруско и просрпско влијание во земјата, преку политички и инфраструктурни одлуки.

Овој судир е повеќе од предизборна реторика. Тој е и рефлексија на вистинска стратегиска битка во албанскиот политички камп: кој ќе го преземе наративот на европејството и кој ќе се легитимира како вистински партнер на Западот – особено во контекст на очекуваните локални избори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИИсток и Западсрпски свет
Next Post

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

НАЈНОВО

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Прва свадба во Нотр-Дам по 30 години: Дрводелецот што ја обновуваше катедралата се ожени

November 2, 2025

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk