ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филков: Реформската агенда е пат кон ЕУ, не отстапувам од идејата за правна држава

July 25, 2025 10:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

Share on FacebookShare on Twitter

Реформската агенда не е само документ. Секоја точка во таа агенда значи нешто конкретно – фер судење, независен судија, заштита на жртви, поголема доверба. Тоа е агендата што сите претходно ја игнорираа, а ние интензивно и посветено работиме на неа, вели министерот за правда Игор Филков.

До денес, како што посочува Филков во интервју за Курир, во од осумте закони со рок до јуни 2025 година – седум се веќе испратени во владина процедура: Закон за Судскиот совет, Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Закон за платите на членовите на Судски совет на Република Македонија, Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба. Освен овие закони, до Влада се испратени уште четири: Закон за спречување на корупција и судир на интереси, Закон за парнична постапка, Закон за прекршоци и Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи”,потенцира Филков.

Целта, според Филков не е да одбележиме „закон доставен“, туку да доставиме закон кој ќе го издржи времето и тестот на довербата.

-Ние не брзаме, туку работиме навремено и суштински. Секој од тие закони е резултат на дебати, консултации и експертска работа. Реформите се сериозни – и тоа се гледа и од фактот дека Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судски совет. Тоа не е мала работа. Тоа е европски печат, додава министерот Филков.

Во однос на Законот за судски совет кој е во владина процедура и за кој Венецијанската комисија даде позитивно мислење, министерот Филков смета дека  ова е коренита реформа на системот кој мора да функционира во служба на граѓаните, а не на интересите на малкумина.

-Јавноста е со право згрозена од скандалите и непотизмот во телото кое треба да биде чувар на судската независност. Она што го видовме – од игнорирање на етичките норми до бегање од одговорност – е неприфатливо во било кое демократско општество. Интерпелацијата не беше само политички чин – беше повик за морална одговорност. Но очигледно, некои ја изгубиле чувствителноста на јавниот срам. Затоа државата мора да постави нови правила кои нема да зависат од добрата волја на поединци, туку од јасни, законски дефинирани критериуми, истакнува Филков.

Со овој закон, како што посочува министерот за правда, конечно се воспоставуваат објективни и мерливи критериуми за избор, оценување и разрешување на членовите на Судскиот совет.

-Преку транспарентна постапка, редовна евалуација, јасно утврдени конфликти на интереси и механизми за одговорност, градиме систем што ќе спречи злоупотреби, а не да ги прикрива. Дали ќе има отпор? Да, ќе има отпор. Некои ќе зборуваат за „притисоци“ и „интервенции“. Но не се работи за притисок, туку за крај на заштитени позиции без отчет. Овој закон ќе го врати Советот кај граѓаните, таму каде што отсекогаш требало да биде. Правдата не смее да биде заложник на неспособни или компромитирани поединци. Ова е нашата последна шанса да ја вратиме довербата во правосудниот систем – и нема да дозволиме таа да биде уништена од оние што ја претворија во своја приватна тврдина, вели минстерот Филков.

Tags: ЕУФилков
Next Post
Фото: МИА

Пензиите се зголемуваат за 1000 денари оваа година и уште 1000 денари другата година, усвоени законските измени

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk