Извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски смета дека предложената резолуција за македонскиот јазик и идентитет е непотребна и може да создаде повеќе проблеми отколку решенија. Според него, прашањето за јазикот веќе е затворено преку постоечките документи на Европската Унија, додека идентитетските прашања не треба да се третираат преку политички декларации.
„Резолуцијата пред се не е потребна. Прашањето со јазикот е веќе затворено со постоечки документи на ЕУ, а за идентитетот е непотребно да биде решен со политичка декларација. Во овој момент, не се преговара за идентитетот, а многувековноста е исто така проблематична затоа што отвора повеќе прашања и интерпретации отколкку што затвора. Од друга страна, наивно е да се очекува дека Бугарија ќе прифати вакво нешто без да даде и своја контра-понуда, со изнесување на факти кои не би нѝ се допаѓале нам,“ изјави Николовски за Фронтлајн.
Д.Јонузи