Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа.
Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“.
Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до Меѓународната федерација на новинари, Федерацијата на арапски новинари и новинарските здруженија низ светот да ги осудат, како што се наведува, „систематските злосторства против новинари во Појасот Газа“.